25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаДВ: Фрчат казни за трговците – ги набилдале маржите и до 38%

ДВ: Фрчат казни за трговците – ги набилдале маржите и до 38%

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пазарните инспектори досега утврдиле 30 неправилности. Казните за трговците коишто ги прекршиле законите зависат од големината на субјектот којшто го поседуваат и се движат од 400 до 5.000 евра.

<

Државниот пазарен инспекторат од почетокот на јуни открил 30 неправилности кај трговците на мало и големо коишто ја злоупотребиле економската криза и одмрзнувањето на цените и енормно ги зголемиле цените на производите. Директорката на пазарниот инспекторат, Анета Симеска Димоска за ДВ вели дека се извршени вкупно 213 надзори во сите градови, а прекршувањата најчесто се направени по два основи – или трговците немале евиденција во објектот, или таа не се водела согласно Правилникот за водење на евиденција во трговијата на големо и мало или има отстапувања.

Најголеми злоупотреби се забележани на 3 јуни, кога започнаа контролите. Дел од трговците покрај тоа што ги одмрзнале цените и на нив пресметале 5 отсто ДДВ, вкалкулирале и маржа од осум, а некаде и по 25 и 27 проценти. „Имаше случаи каде цените беа зголемени со маржи од 38 проценти за одредени производи“, вели Димоска.

Најголемо зголемување на цените било забележано кај тестенините на почетокот на јуни – некои трговци овие производи ги продавале со вкалкулирана маржа во цената од дури 35%, а граѓаните се жалат дека се вивнати до небо и цените на зејтинот, шеќерот, брашното, месото… Казните за трговците коишто ги прекршиле законите зависат од големината на субјектот којшто го поседуваат и се движат од 400 до 5.000 евра.

Според Димоска, инспекциите и казните ги пишманиле дел од трговците – па дел од нив ги вратиле цените по старо, или пак го прилагодиле поскапувањето согласно одлуката за одмрзнување на цените на основните производи.

Воени профитери во време на криза

Цените нагло рипнаа откако завршија тримесечните антикризни мерка на Владата, кои беа на сила до 1 јуни, а со кои беа замрзнати цените на основните прехранбени производи. Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека откако инспекциите излегле на терен по укажувањата за вештачко зголемување на цените, тие се вратиле по старо или стагнираат.

„Се чини дека помага покажувањето со прст на одреден факт и неморално однесување“, изјави Битиќи во Утрински брифинг и додаде: „Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер, а знаеме како завршуваат воени профитери. Јас не влијаам и не интервенирам на слободниот пазар, но апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација“. Тој укажува дека имало такви зголемувања на цени со маржи кои што оделе и до 70% од цената што е неприфатливо и е удар врз граѓаните.

Владата најавува нови мерки за справување со кризата, кои ќе започнат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Мерките се насочени за најкритичните граѓани и компании.

Извор: ДВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...

Дијана Габровска уапсена на Халкидики- Со двајца црнци снимала филм за возрасни.

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...