27.9 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаАвстралијаНема да има протести: Возачите на ЈСП добија покачување од 2.800 денари

Нема да има протести: Возачите на ЈСП добија покачување од 2.800 денари

Најавениот штрајк беше во организација на Независниот синдикат на возачите, кои се жалеа на лошите услови за работа и малите плати што ги добиваат за сработеното.

Секој вработен во ЈСП „Скопје“ независно од работната позиција ќе добие покачување од 2.800 денари. Токму поради ваквата одлука на менаџментот на сообраќајното претпријатие, се откажува и најавениот протест на возачите на ЈСП, кој беше најавен за оваа недела, односно за деновите 15 и 16 јуни, а требаше да се одржи во периодот од 11 до 12 часот пред дирекцијата на ЈСП „Скопје“. Најавениот протест беше во организација на Независниот синдикат на возачите, кои се жалеа на лошите услови за работа и малите плати што ги добиваат за сработеното.
Преговорите меѓу трите синдикати и менаџерскиот тим на ЈСП „Скопје“ околу линеарното зголемување на платата за 1.806 денари или за нови 177 бода за сите вработени со измена на Колективниот договор успешно се завршени. Со јунската плата, во јули почнува исплатата. Затоа ве известуваме дека протестот закажан за среда и за четврток се откажува поради постигнатиот договор – стои во официјалното соопштение на Независниот синдикат на возачите на ЈСП „Скопје“.

И од ЈСП „Скопје“ излегоа со свое соопштение, со кое ги информираат сите свои вработени дека ќе добијат зголемување на платите.

– Веќе од наредната плата секој вработен во ЈСП „Скопје“ независно од работната позиција и статутот на вработувањето (преку Агенција за привремени вработувања, на определено време и слично), ќе добие покачување од 2.800 денари. Покачувањето е регулирано и со Одлука на Управен одбор на ЈСП „Скопје“, донесена на 19.4.1022 година. Со оваа одлука нема да бидат опфатени вработените што добија покачување со Законот за минимална плата – стои во официјалното соопштение на претпријатието до вработените.

Инаку, колку за потсетување, Независниот синдикат на Јавното сообраќајно претпријатие минатата недела најави дека во обид да добијат повисоки плати, вработените со мирен протест ќе го искажат својот револт.

Веднаш по ваквата најава, од ЈСП „Скопје“ излегоа со своја реакција тврдејќи дека најавениот протест е политички мотивиран, бидејќи одлуката за зголемување на платите на возачите веќе била донесена.

– Во врска со најавеното излегување на протест од страна на Независниот синдикат во ЈСП „Скопје“, сакаме да информираме и да укажеме дека ваквиот вид политички мотивирани дејства се неприфатливи и штетни за целокупното работење на претпријатието и на штета на граѓаните, корисниците на јавниот превоз. Јавноста и вработените треба да бидат информирани дека Управниот одбор на ЈСП „Скопје“ на 19.4.2022 година ги прифати барањата на Независниот синдикат со Одлука за линеарно зголемување на платите во износ од 2.800 денари. Поради ова ги осудуваме ваквите дејства и апелираме дека со политички мотивирани манипулации поттикнати од центри на политичка моќ, нема да се придонесе кон развој и унапредување на статусот на вработените во ЈСП „Скопје“, напротив, ќе доведат до непоправлива штета што негативно ќе влијае врз работните процеси и статусот на вработените во претпријатието, како и за граѓаните воопшто – соопшти ЈСП „Скопје“.
Слободен Печат

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...

Додека Скопје тоне во проблеми, Арсовска го враќа Ќосето на кружен тек

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на...