15.1 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаЗабаваАмбер Херд призна дека сè уште го сака Џони Деп

Амбер Херд призна дека сè уште го сака Џони Деп

Амбер Херд во интервјуто за емисијата Today на NBC-u, која ќе се емитува неделава, призна дека сè уште е заљубена во Џони Деп. Таа рече дека не му замерува за ништо и покрај сите работи кои ѝ се случија во минатото, но и дека мора да биде внимателна за повторно да не ја тужи.

Глумицата одговараше на низа прашања на различни теми, вклучувајќи го и она што го чувствува за нејзиниот бивши. Водителката Савана Гури побара да ѝ ја објасни изјавата кога рече дека сè уште го сака Деп и дали тоа е вистина.

„Да. Апсолутно. Го сакам. Го сакав со целото мое срце и се трудев најдобро што можев нашата нарушена врска профункционира. И не успеав во тоа. Воопшто немав никакви лоши чувства кон него, ниту му замерувам за било што. Знам дека тоа е тешко да се разбере, но многумина кои во животот сакале нешто, знаат зошто се чувствувам така“, рече Амбер.

Таа смета дека Деп успеал глобално да ја урпоасти, а потоа рече дека чувствува дека би можел повторно да ја тужи ако не биде внимателна.

Во еден момент за време на интервјуто, водителката ја праша за за парите кои рече дека ќе ги донира во добротворни цели, ветување кое не го исполнила.

Иако Амбер напомена дека не требало да ѝ поверуваат за тоа, таа призна дека тоа би можело да биде главниот фактор во пресудата против неа.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тројца полицајци ослободиле осуденик зашто немало место во затворот во Битола

Одделот за внатрешна контрола и криминалистички истраги при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против тројца полицајци за неизвршување на судска одлука. Според...

Македонецот од Пирин ќе ви каже каков проблем имал со Грк поради неговата тетоважа

Во Бугарија се осеќам како Македонец, до сега проблеми сум имал само еднаш и тоа во Грција.. Откако еден грк ми ја виде тетоважата додека...

Велешанец ја бара возрасната ќерка која со своето дете заминала во непознат правец

Марјанчо Малинов, татко на 23-годишната Теодора од Велес, вчера пријавил во СВР Велес дека таа заедно со нејзината двегодишна ќерка се оддалечила од нивниот...

Есенски екскурзии за пензионерите од Битола

Здружението на пензионери-Битола ги известува пензионерите од општините Битола, Новаци и Могила – членови на Здружението на пензионери Битола, дека од 16.09.2024 година до...