14.1 C
Ohrid
среда, јули 9, 2025
ПочетнаСветУкраина чека оружје за да го руши мостот што ја поврзува Русија...

Украина чека оружје за да го руши мостот што ја поврзува Русија со анектираниот Крим

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Украина објави детали за напад на рускиот мост преку теснецот Керч до Крим, заканувајќи се дека ќе го таргетира клучниот пат кон полуостровот анектиран од Русија во 2014 година.

<

Украинската воена разузнавачка служба ги објави официјалните руски податоци за изградба на мостот, иако не можно веднаш да се утврди автентичноста на документ од речиси 300 страници. Документот беше објавен еден ден откако украинскиот генерал Дмитриј Марченко рече дека мостот ќе биде „цел број еден“ доколку Киев го добие потребното оружје. Генералот Марченко рече дека Москва го користела мостот за транспорт на материјали за Крим и јужна Украина.

Изградбата на 18-километарскиот мост чинеше милијарди, а од 2018 година го поврзува Крим со руското копно. Портпаролот на руската влада Дмитриј Песков изјави дека се преземени сите мерки на претпазливост за да се обезбеди безбедноста на Крим. Тој додаде дека Кремљ е свесен за најновите закани на Киев дека ќе удри по мостот.

Москва се закани дека ќе го бомбардира Киев доколку мостот биде нападнат. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека заканата на Марченко е во спротивност со ветувањата на украинскиот претседател Володимир Зеленски до западните партнери дека нема да користи оружје со долг дострел за да ја нападне руската територија-Пишува Фактор.Мк

Руската војска го окупираше полуостровот на Црното Море во 2014 година кога Украина беше ранлива на промена на власта и не можеше да се спротивстави. После тоа се одржа меѓународно непризнаен референдум и Крим беше припоен кон Русија.
Извор:Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип!

Чудо спречи трагедија: Цистерна за малку ќе завршеше во Брегалница кај градинката Астибо во Штип! Тешко возило – цистерна полна со гориво - за малку...

Тешка сообраќајна несреќа кај селото Оровник– едно лице загинато !!!

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник. Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна...

ХЕРОЈ! Скопски пожарникар 48 часа без прекин се бори со огнот!

Скопскит епожарникари со денови постојано вложуваат максимални напори за справување со пожарите на неколку локации во периферијата на градот. Според последното соопштение на ЦУК на...

Вознемерувачко: Детенце од Македонија врзано со јаже на рацете и вратот бидеќи украло пари од продавница !!!!

Сцена што не смее да се повтори – бурни реакции по видео со вербално и психичко малтретирање врз дете На социјалните мрежи кружи вознемирувачко видео...