20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалниците на Охрид, Дебрца и Поградец, заеднички го одбележаа Денот на...

Градоначалниците на Охрид, Дебрца и Поградец, заеднички го одбележаа Денот на Охридското езеро.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со едриличарска прошетка по езерото и промоција на пловило на соларен погон, денес се одбелжаа 21 јуни, Денот на Охридското езеро. На манифестацијата присуствуваа и градоначалниците на Подградец Илир Џаколи и на Дебрца, Зоран Ногачески.

<

И оваа година традиционално го прославуваме 21 јуни како Ден на Охридското езеро, со силна верба дека ќе направиме се за неговата заштита и промоција, како наше заедничко уникатно природно богатство.

Aктивната соработка помеѓу Охрид, Струга и Дебрца од македонската страна и Поградец од албанската страна, започната пред неколку години, како основна цел ја дефинира потребата за вложување на заеднички напори во поставување на база за соработка, која ќе биде појдовна точка за напредокот во регионот на Охридското езеро.

Годинава со помош на Едриличарската федерација на Македонија и ЕУ, сакаме да покажеме дека силно сме посветени на еколошкиот аспект во ползувањето на благодетите на езерото, а охридските едрилици се патоказ како во иднина треба да изгледа нашиот бисер.

Денеска истотака беше промовиран пловен објект на соларен погон, изработен од учениците и професорите од ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски“. Овој проект е финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој, а во негова реализација учествуваа учениците Евгенија Шулевска, Шефко Асим, Никола Илиоски, Даниел Котоски, Јован Матлијоски и Христијан Груевски, под менторство на професорите Виолета Никовска и Сашо Ангелоски.
Напиша градоначаникот Пецаков на социјалните мфежи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...