24.9 C
Ohrid
понеделник, јули 7, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски до Ковачевски: Во Брисел ќе одиш само за да се сликаш?!

Пендаровски до Ковачевски: Во Брисел ќе одиш само за да се сликаш?!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Шефот на државата кажа дека вчера имал и долг телефонски разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој ги изнеле своите ставови на оваа тема и порача дека доколку дојдеме во ситуација да одиме кон промена на Уставот, потребно е да се слушне и опозицијата што мисли
Претседателот Стево Пендаровски смета дека премиерот Димитар Ковачевски не треба да оди во Брисел на Самитот на ЕУ ако ситуацијата се одвива како и до сега односно сме во ситуација како што на пример било вчера кога бугарските претставници вчера на состанокот на Комитетот на постојани претставници во ЕУ (КОРЕПЕР).

<

„Јас го советувам да не оди. Мојот совет е ако вака се одвиваат работите, ако Бугарите само вчера доставија пет нови барања … Што ќе правиш во Брисел? Само да се сликаш?“, рече Пендаровски вечерва во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

Коментирајќи го тоа што премиерот се координира со албанскиот колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ за одењето во Брисел, Пендаровски рече и дека „не го бендисува“ тоа што ваква координација се прави во рамки на „Отворен Балкан“ бидејќи тоа е економска иницијатива.

Ние, вели шефот на државата, треба да донесе наша, автономна државна одлука дали да одиме или не.

Околу петте нови барања кои ги спомена Пендаровски дека Бугарија ги доставила вчера на КОРЕПЕР, тој наведе два примери. Едниот е тоа што бугарската страна барала од францускиот предлог да се избрише зборот „автоматизам“ во делот каде е наведено дека по внесувањето на Бугарите во Уставот по автоматизам ќе се почне со меѓувладината седница за отворање на преговорите. Другиот пример од бугарските барања, кои за претседателот е неприфатлив, е и тоа што во делот на јазикот Бугарија инсистирала дека не се доволни унилатерални изјави на двете страни и барала нејзиното толкување за македонскиот јазик да добие еднаква правна сила во преговарачката рамка.

Инаку, зборувајќи за францускиот предлог, шефот на државата рече дека тоа што се лиферувало во јавноста не е официјален француски предлог туку комбинација од француските и бугарските предлози.

Покрај за јазикот, за Пендаровски е неприфатливо и историските прашања да влезат во преговарачката рамка.

„Историјата не смее да биде предуслов за напредување. Нека си има комисија која работи ама не можеш да речеш ’три месеци нема прогрес за Илинденско востание и нема да напредувате‘“, рече Пендаровски.

Тој кажа дека вчера имал и долг телефонски разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој ги изнеле своите ставови на оваа тема и порача дека доколку дојдеме во ситуација да одиме кон промена на Уставот, потребно е да се слушне и опозицијата што мисли.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Ова лето гранката нема да ми биде потребна

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, со саркастична порака: „Ова лето гранката нема да ми биде потребна“, алудирајќи на некогашната немоќ...

Судот му додели куќен притвор на возачот кој го уби Југослав

Скопје се соочува со сериозни прашања по трагичната сообраќајна несреќа во која младиот Фатон Љ. (25), возејќи мотор „Кавасаки“ без возачка дозвола, минатата недела...

Трагедија во Швајцарија: Охриѓанка и нејзиното бебе пронајдени мртви со убодни рани !!

Тешка трагедија ја потресе македонската заедница во Швајцарија. Охриѓанка и нејзиното едномесечно бебе се пронајдени мртви со убодни рани, по наводна вербална расправија со...

Мицкоски: Нема да има данок за немажени и неженети- Погрешно ме разбраа !!!

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема да има данок за неженети и немажени лица во Македонија, појаснувајќи дека неговата претходна изјава е погрешно протолкувана....