17.7 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаБранко Црвенкоски: Не смееме ние да се откажеме од македонизмот.

Бранко Црвенкоски: Не смееме ние да се откажеме од македонизмот.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски, на последната дебата „Предизвиците на македонската надворешна политика“ во организација на Советот на амбасадори потенцираше дека договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што „Преспанскиот договор со Грција, кој јас не го сметам за добар, уште помалку за идеален, туку за избор на помалото зло, сепак затвори едно тешко отворено прашање. Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа за цела серија барања од страна на Бугарија, кои до таа мера задираат во нашиот национален идентитет и историја, што компромис, едноставно, не е можен. Односите со Грција по потпишувањето на Преспанскиот договор се неспоредливо подобри отколку пред договорот. Сосема спротивно, односите со Бугарија се неспоредливо полоши по, отколку пред потпишувањето на договорот. Или да бидам уште подиректен. Потпишувањето на договорот за пријателство и соработка со Бугарија со таква содржина, посебно со формулацијата за „заедничка историја“ и формирањето на мешовитата историска комисија со мандат да арбитрира околу историските настани и личности беше голема грешка“, изјави Црвенковски.

<

Toj посочи дека тезата што се пласираше во јавноста дека за националниот идентитет не преговараме, а за историјата ќе се договориме, во самата своја основа е апсурдна.

„Секој и сечиј национален идентитет е резултат на историски процес, кој се потпира на одредени историски меѓници, настани и личности. Ако тие меѓници ви бидат одземени и прогласени за туѓи, од националниот идентитет не останува ништо, освен празна реторика. Книга со корици и празни листови. Јас не тврдам дека и без договорот Бугарија немаше да стави вето. Но, во тој случај барем не ќе можеше да го користи аргументот кој постојано го повторува дека Македонија не ги исполнува преземените обврски. Позициите презентирани од страна на официјални претставници на Република Бугарија се такви што не оставаат простор за никаков оптимизам. Да се потсетиме само на изјавата на претседателот Радев дадена неодамна за време на неговата посета на Берлин: „Нема да дозволиме македонизмот да влезе во Европската Унија“. Е па, ние од македонизмот ниту можеме, ниту смееме да се откажеме“, истакна Црвенковски.

Имајќи ги предвид огромните и непомирливи разлики меѓу позициите и црвените линии на двете страни, единствено можно решение според него за овој спор е асиметрично толкување на историјата и идентитетските прашања што произлегуваат од неа.

„Односно, секоја страна да си го задржи правото на сопствено видување и притоа тоа да не претставува никаква пречка во билатералните и мултилатералните односи. Дали и кога е такво нешто можно, јас не знам, но она што сигурно го знам е дека треба веднаш да се прекине со праксата присутна во последните 4-5 години на лесно и без основа подигање на очекувањата дека решението е на повидок и само што не се случило. Големите, а нереализирани очекувања водат кон големи разочарувања“, додаде Црвенковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...