20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски пресече: Францускиот предлог не е прифатлив, во Европа сакаме да влеземе...

Ковачевски пресече: Францускиот предлог не е прифатлив, во Европа сакаме да влеземе како Македонци !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека францускиот предлог за одблокирање на македонските интеграции е неприфатлив за нас во сегашната форма, но остава простор ако се постигне разбирање за нашите позиции, разговорите да продолжат со цел пристапните преговори со ЕУ да почнат месецов.

<

„Предлогот во оваа форма е неприфатлив за мене, претседателот, владата, коалициoните партнери и за граѓаните на Република Северна Македонија. Доколку во текот на Француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите за да се започнат преговори до краjот на јуни“, кажа Ковачевски на заедничката прес-конференција со Александар Вучиќ и Еди Рама по денешниот самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.

Ковачевски рече дека Македонија има три клучни барања за преговарачката рамка: признавање целосно на македонскиот јазик, историските прашања не може да бидат дел од преговарачката рамка и преговорите треба да почнат пред внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, но и да добиеме гаранции дека нема да има нови услови од Бугарија и од ЕУ .

Македонскиот премиер додаде дека сите 27 членки на ЕУ досега се приклучија со целосна почит за своите и туѓите културни, лингвистички и историски различности и ништо од тоа не било проблематизирано на европскиот пат, а тоа и ние го посакуваме.

„Ништо помалку и ништо повеќе – почит за лингвистичкиот, културниот, етничкиот и историскиот идентитет на мојот народ“, рече Ковачевски.

Ковачевски кажа и дека самата Бугарија не може да се координира и да обезбеди одблокирање на евроинтеграцијата на Северна Македонија и Албанија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...