16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаЗабаваБет Мидлер бара да се забрани вијаграта во Америка.

Бет Мидлер бара да се забрани вијаграта во Америка.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американската комичарка и актерка Бет Мидлер иронично повика на забрана на вијаграта во САД, по одлуката на Врховниот суд за забрана на абортусот во земјата.
Време е да се забрани вијаграта. Затоа што ако бременоста е „Божја волја“, тогаш е и вашиот млитав пенис“, напиша Бет на „Твитер“, исмејувајќи ја логиката на судската одлука.

<

Со неа се согласија и бројни следбеници. „Ова е најдоброто нешто што беше кажано“, додаде еден.

Мидлер, која треба да глуми во продолжение на „Hocus Pocus“ на „Дизни“ подоцна оваа година, претходно беше многу гласна во нејзиното несогласување со одлуката на Врховниот суд да го укине уставното право на американските жени на безбеден абортус.

По пресудата, Мидлер на Твитер напиша: „Тие го направија тоа. Ни го направија! Уставниот суд го поништи Роу против Вејд, вграден во Уставот како закон повеќе од 50 години. Како се осмелуваат? „Овој уставен суд е апсолутно глув за волјата, па дури и за реалните потреби на американскиот народ“, рече актерката.
Извор: Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...