27.9 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаПратеничката Снежана Калевска – Ванчева откри кој пратеник ја снимал во...

Пратеничката Снежана Калевска – Ванчева откри кој пратеник ја снимал во Деколте

Претседателката на Комисијата за политички систем Снежана Калевска-Ванчева од СДСМ, за време на седница синоќа, била снимена со мобилен телефон во деколте. Тоа денес пред јавноста го обелодени премиерот Димитар Ковачевски, но не го откри идентитетот на пратеникот кој ја снимал.

-Ако се погледнат снимките само од вчерашниот ден, каде пратеник што во моментов додека зборам ми се смее, со мобилен телефон ја снима претседателката на комисијата за политички систем на 15 сантиметри од нејзиното деколте, јас се прашувам што ќе ѝ прави на таа снимка тој- праша Ковачевски.

Веста за однесувањето на народните избраници, за време на седница, наиде на осуда кај јавноста.

Пратеничката Калевска – Ванчева за ,,Фокус” за целиот случај, вели дека вакви слични удари имало и порано, а го откри и името на пратеникот кој ја снимал.

-Ова е удар врз целиот женски род. За жал, вакви и слични удари имало и претходно, и има, но трагично е кога вакво однесување доаѓа од пратеници! Во врска со реакцијата на пратеничките по повод настанот, синоќа најгласни и насилнички за жал беа дел од пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ.

Јас лично, не забележав кога пратеникот ме снимал, но забележаа мои колешки и тие веднаш реагираа. Бев преокупирана со заштита на материјалите, и да ја завршам седницата согласно деловникот.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Јованчев од Кавадарци ме снимал, и тогаш не му се обратив да го прашам зошто го направил тоа, бидејќи во тие моменти друго беше побитно. А потоа, веќе го немаше – појаснува пратеничката.

Додава дека од Јованчев ќе бара јавно да и се извини за случајот.

На прашањето дали во Парламентот, односно во политиката кај нас жените се родово дискриминирани, вели дека станува збор за комплексно прашање.

-Директна дискриминација нема, ниту законски и деловнички е дозволена. Но, дали имаме родова еднаквост во вистинска смисла, сигурно Не.

Немаме ниту една жена потпретседател на Собрание, а таканаречени клучни комисии, делегации и слично претежно се раководени од мажи.

Родова еднаквост немаме ниту во дел од составот на делегациите. Затоа, јас лично, но и клубот на пратенички и КЕМ се залагаме за измени на деловникот во насока на постигнување на родова еднаквост – ни изјави Снежана Калевска – Ванчева.

Вики Клинчарова- Фокус

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...

Додека Скопје тоне во проблеми, Арсовска го враќа Ќосето на кружен тек

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на...