16.9 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаНиколовски задоволен: Ланската година Јачменот беше 10 денари, оваа година ќе биде...

Николовски задоволен: Ланската година Јачменот беше 10 денари, оваа година ќе биде 17 денари за килограм.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Николовски на жетва на јачмен во светиниколско – Постигнавме висока откупна цена и очекуваме добар принос од 140 000 тони..

<

Во тек е жетвата на јачменот. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изврши увид во текот на жетвата и беше во посета на младиот земјоделец Славче Костев, производител на јачмен од Свети Николе.

„Цената за откупен килограм јачмен изнесува високи 17 денари, за разлика од ланската година кога цената изнесуваше 10 денари. Очекувам вкупната количина на јачмен за оваа сезона да достигне до околу 140.000 тони. Ме радува кога директно од земјоделците го слушам нивното задоволство и од цената, но и од мерките кои изминатиов период како министерство ги носиме за поддршка на земјоделците“ изјави министерот Николовски.

Преку мерките од Националниот план ги поддржуваме земјоделците за набавка на вештачко ѓубриво и даваме дополнителна поддршка до 100 евра по хектар за зголемен принос на житни култури, како мотовациона мерка на земјоделците кои ќе го предадат во домашни преработувачки и откупни капацитети. Оваа мотивациона мрека за остварен принос, од оваа година, важи за сите површини од 1 хектар па нагоре, без ограничување.

Министерот Николовски ги повика сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, краен рок за аплицирање по мерката за дополнителна поддршка од 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година.

Исто така, министерот Николовски потсети дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на располагање стави и нови дополнителни 5.722 хектари земјоделско земјиште за одгледување на житни култури распределени во 14 региони низ државата, за кои аплицираа и договори се склучуваат со 258 земјоделски стопанства.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Адвокатот Шајн го извади Раста – патната исправа веднаш вратена !!

Српскиот рапер Раста, кој беше приведен во Охрид за време на концертот на Џејсон Деруло, е ослободен и си заминува за Белград – дознава...

Не успеа да се избори, почина Душко Чифлиганец

Почина Душко Чифлиганец, син на познатиот бизнисмен Ванчо Чифлиганец, кој беше и во раководните структури на „Адора“, потврдуваат членови на семејството. По повеќе од...

Охриѓани спасија турист од давење кај Градиште.

Во близина на плажата Градиште, странски турист бил спасен од давење благодарение на брзата реакција на група охриѓани кои се наоѓале на глисер и...

22 годишен полицаец од Виница, се самоповредил со службениот пиштол во апартман во Охрид

Како што информира СВР Охрид, инцидентот се случил вчера во 12:22 часот. Имено, 22-годишен полициски службеник од Виница, кој бил сместен во апартман во една...