22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаФолк пејачката Ирена Спасовска, не се согласува со францускиот предлог – Категорично...

Фолк пејачката Ирена Спасовска, не се согласува со францускиот предлог – Категорично велам – НЕ!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нашата фолк дива Ирена Спасовска не се согласува со францускиот предлог – Категорично велам – НЕ!

<

Владата го објави сетот од документи што се однесуваат на отварање преговори на Македонија со Европската унија, согласно францускиот предлог за надминување на блокадата Софија. Премиерот Ковачевски вели дека од нив се согледува дека нашите услови се прифатени.
Додека голем број на наши популарни музичари одбиваат јавно да го откријат својот став околу „Францускиот предлог”, или пак кратко одговараат дека не ни знаат каков протест ќе се одржи вечерва во Скопје, бидејќи немале време да следат вести, фолк пејачите Благоја Грујовски и Ирена Спасовска за „Фокус” потврдија дека без двоумење ќе излезат на протестот пред Владата.

-Ова е можеби ,,после свадба тапани”, ама сепак е добро што почнува масовен отпор против ова што и се прави на Македонија триесет години, посебно последниве неколку години.

Одамна стравував дека ќе дојдеме до ова, борба за гол опстанок на еден народ. Сега е веќе нож до коска – вели Грујовски.

И Спасовска, која е член во Управниот одбор на Здружение на естрадни уметници на Македонија, ЗЕУМ, потврдува дека ќе биде помеѓу народот, а како што појаснува, ќе најде време и да оди на веќе договорен настап потоа.

-Секако дека го поддржувам протестот и не се согласувам со „Францускиот предлог”. Никакви промени по однос на нашиот јазик и идентитет не се дозволиви само за да се влезе во ЕУ.

Народот е револтиран што малку по малку нема да остане ништо од нашата мила Македонија, доколку се прифати овој бесмислен предлог. Категорично велам – Не, порача таа, додавајќи дека потоа ќе замине на пат бидејќи ја очекува настап.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...