26.9 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски прифатил Бугарите да ни ги пишуваат учебниците- Велат од Вмро Дпмне

Ковачевски прифатил Бугарите да ни ги пишуваат учебниците- Велат од Вмро Дпмне

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Власта без тронка срам ја лаже македонската јавност. Предлогот кој го претставуваат како модифицирана верзија е истиот предлог од пред неколку дена кој ги содржи сите бугарски барања. Тоа што Ковачевски наводно го одбиваше, сега со сменети „обланди“ го претставува како успех. А вистината е обратна. Македонија доживеа дипломатски неуспех, соопштуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

<

-Со прифаќањето на Предлогот Македонија се обврзува на бугарскиот диктат кој во иднина ќе се однесува на македонските учебници, за македонската историја, споменици и историски личности и настани. Буквално ова ќе значи дека Македонија на годишно ниво ќе биде обврзана да изготвува годишни извештаи за тоа до каде е реализацијата на ваквите промени и доколку Бугарија не е задоволна, тоа ќе биде причина за нова кочница. А сите ги знаеме кои се апсурдните и антиевропски барања на Бугарија за македонските учебници, за нивните позиции дека сите револуционери се бугари, дека јазикот ни е бугарски дијалект, дека Македонија е коминтерновска творба и слични други негаторски позиции кои сега ќе станат дополнителен услов на нашиот пат. се вели меѓудругото во соопштението на опозициката партија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби

Лишени од слобода две лица од Дебар поради пукање на семејни веселби На 04.08.2025 во 00:15 часот во Дебар полициски службеници од Полициската станица...

Ново светилиште во охридско, Пецаков донира икона за црквата „Св. Атанасиј“

Убав и радосен ден за Охрид и Лакочереј! Денеска се освети црквата Св. Атанасиј Александриски во село Горно Лакочереј која сега стои како ново духовно...

Мицкоски: Го осудувам националистичкото скандирање во Куманово, иако искрено не го ни забележав

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше навредливото и националистичко скандирање на мечот Македонија-Романија во Куманово. Премиерот рече дека Кошаркарската федерација на Македонија и Општина Куманово...

Скопјанец почина по пад од тротинет.

Скопјанец почина по пад од тротинет. Случајот во полиција бил пријавен изминатиот викенд. -На 02.08.2025 во 09:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека...