21.9 C
Ohrid
вторник, јули 15, 2025
ПочетнаМакедонијаСе јави и Филипче со поддршка за договорот: Ги живееме најемотивните моменти...

Се јави и Филипче со поддршка за договорот: Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ги живееме најемотивните моменти на поновата македонска историја, време во кое се носат историски одлуки за иднината на државата. Ако нешто знам, тоа е дека во овие моменти најважно е да се задржи разумот за да може темелно и објективно да се анализираат опциите, наведува поранешниот министер за здравство, Венко Филипче во постот на неговиот Фејсбук профил.

<

Емоциите, вели тој, не се добар сојузник, а оние кои ги искривуваат фактите со цел подгревање на емоциите, прават голема штета. Она што треба да го направиме, додава Филипче, е да ги „извагаме“ можностите кои сега се на маса и да ги предвидиме следните чекори при секое од можните сценарија. Затоа, нагласува, е нужно за да се донесе државничка и одговорна одлука.

Прашањата кои треба да ги одговориме се: 1) Дали во брзо време и догледна иднина можеме да добиеме подобар предлог од овој? – На ова прашање немаме одговор, но факт е дека далеку поголеми се шансите да немаме ниту брзо нова можност ниту подобар предлог. 2) Дали со фактот (а тоа е факт) дека како Македонци кои говорат македонски јазик не го исполнуваме клучното ветување кое го дадовме пред себе, да го заштитиме јазикот и идентитетот? – Мислам дека одговорот е да. Точно е дека остануваат отворени прашања во делот на историјата, но во истиот дух и со исти сили ќе ги решаваме во билатералните преговори со Бугарија. Тие нема да бидат услов за нашите преговори. 3) Каква е разликата ако Бугарија реши да не блокира додека преговараме и ако воопшто не почнеме да преговараме и останеме блокирани? – Навистина не ја гледам разликата како ќе имаме подобри позиции без почнати преговори, без решен јазик (а тоа е факт, јазикот го решаваме). Кој гарантира, во ваква несигурна состојба во Европа и светот, дека утре ќе имаме подобри услови? – Кој знае дали во Бугарија ќе има „поразбрана“ власт која ќе ги прифати сите наши барања? Слушнавме многу квалификации, пораки, но и небулози од опозицијата. Многу начини како да се блокира решението, но не и што после блокадата? Кои се алтернативите, колку време и најважно – како планираат тие ова подобро да го решат? – Или планот е да останеме на статус кво уште неколку децении? – Предлогот не е идеален, но идеално нема да добиеме. Овој предлог кој е прифатен од сите европски земји е најдобриот кој сме го добиле досега. Имало и други предлог решенија, но тие не биле прифатени од сите, со тоа и не може да се каже дека се решенија. Затоа, да бидеме мудри и одговорни“, се прашањата кои јавно ги поставува екс министерот за здравство и на кои дава свое лично видување.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Командант “БАРУТИ” од домашен, оди во затворски притвор !!!

Кривичниот суд денеска одлучи да му се замени домашниот со затворски притвор на напаѓачот на скопската градоначалничка Арсовска. „Имено, С.Љ. осомничен за кривичното дело Насилство...

За прв пат во Македонија изречена казна затвор за убиство на Куче !!!

Кривичниот суд денеска ги осуди Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици...

Кривична пријава за доктор од Струга.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против К.С.(42) од Струга, лекар во Општа болница во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело...

На 36 години почина македонскиот гитарист и професор Кристијан Волчев

Загуба за македонската култура и музика Македонската музичка сцена остана без еден од своите најталентирани и најпосветени уметници – Кристијан Волчев. На само 36 години,...