19.2 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаТрајанов: Бугарија да го признае македонското малцинство, ако ЕУ нема разбирање да...

Трајанов: Бугарија да го признае македонското малцинство, ако ЕУ нема разбирање да се отфрли францускиот предлог

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Важно е во актуелните геостратегиски конфронтации Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, но е од круцијално значење од преговарачката рамка да се отстранат билатералните прашања наметнати од Бугарија и таа да биде согласна на европските принципи и стандарди, изјави за МКД.мк лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов по седницата на партиското претседателство. Приклучување на Бугарите во Уставот може да биде само врз реципрочна основа, а без консензус на сите во Собранието нема прифаќање на францускиот предлог, нагласува Трајанов.

<

Трајанов вели дека Демократски сојуз е на став по исчистената преговарачка рамка од билатералните прашања, преговорите со ЕУ да започнат со отворање на поглавјата.

Лидерот на ДС вели дека со сопартијците во претседателството е постигната согласност да се инсистира одредбата за вклучување на Бугарите во македонскиот Устав да има реципрочен карактер.

„Советот на ЕУ да донесе заклучок со кој ќе ја задолжи Бугарија да ги имплементира одлуките на Судот од Стразбур за признавање на правата на Македонците во Бугарија, меѓу кои се правото на здружување, формирање на кулстурни асоцијации, политичко организирање и друго“, вели Трајанов.

Лидерот на ДС нагласува дека македонскиот идентитет под никакви услови да не се оспорува и загрузува и вели дека историските и образовните прашања, како што се говорот на омразаи и отворањето на досиеја за прогонувани лица од комунистичкиот режим да биде на реципрочна основа.

„Во преговарачката рамка годишните прегледи, акцискиот план и прококолите не смее да се прфати да станат решенија кои ќе ѝ овозможуваат на Софија да се меша во внатрешни работи на Македонија“, вели Трајанов и додава дека партиското претседателство смета дека не смее да се водат разговори за македонските ревулуционери кои се во кодот на секој Македонец , како што се Гоце Делчев, Јане Сандански, Дамјан Груев и други револуционери. Но, нагласува, и да се прекинат какви било дискусии за заедничко славење на македонски национални празници.

Тој нагласува дека за предложената преговарачка рамка дебатата мора да продолжи, дека ќе треба да се соберат сите сугестии, но и да се отвори расправа во Собранието на Македонија и заклучоците да бидат донесени со консензус од сите пратенички групи и независни пратеници.

„Инсистираме овој процес да се води транспарентно и одговорно без брзи и неиздржани решенија. А, доколку Европската Унија нема разбирање за македонските позиции, тогаш да се отфрли овој модификуван Француски предлог“, вели лидерот на ДС Павле Трајанов за МКД.мк.

П.Џ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Менди Ќура официјално независен кандидат за градоначалник на Струга

Независниот кандидат за градоначалник на Струга г. Менди Ќура ја објави својата кандидатура. Со понижност и длабоко чувство на одговорност, денес стојам пред вас за...

Ексклузивна фотографии од опожарениот глисер кај каналот Студенчишта во Охрид.

  До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид. Инцидентот се случил пред неколку...

Фото: Се запали јахта кај каналот Студенчишта во Охрид – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија !!!!

Се запали глисер кај каналот Студенчишта – благодарение на брзата интервенција избегната трагедија Пред десетина минути во близина на каналот Студенчишта во Охрид избувна пожар...

Трагедија во Италија: Девет годишно девојче со потекло од Македонија се удави во реката Пјаве

Девојче со потекло од Македонија на возраст од девет години вчера трагично го загуби животот во реката Пјаве, во близина на Сан Џакомо ди...