26.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаАпасиев: Во Собрание ќе биде многу тензично, ние од внатре, народот од...

Апасиев: Во Собрание ќе биде многу тензично, ние од внатре, народот од надвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера за време на едночасовната блокада пред Собранието, лидерот на Левица и носителот на авангардата во борбата против прифаќањето на „францускиот предлог“ , Димитар Апасиев, даде изјава за медиумите.

<

Апасиев вели дека пратениците се’ уште не знаат каков документ ќе добијат, и каков шверц организираат власта и Џафери.

Согласно со моите информации и сознанија од Собрание во понеделник треба да се стави на координација и да видиме што собранието треба да донесе, каков акт треба да донесе. Дали ќе донесеме одлука, дали ќе донесеме заклучок, дали ќе биде вратен на Влада, така да не знаеме што ќе прави Џафери.

Тој очекува комисиските расправи да бидат прескокнати и одново да гледаме сценарио во кое се прекршуваат собраниските процедури.

Меѓутоа, мислам дека во собранието ќе биде многу тензично, моите информации велат дека ќе се обидат да прескокнат комисиска расправа, што ќе оди директно на пленарна, што е противделовнички, значи дека повторно ќе се шверцува.

Лидерот на Левица најави силна борба од страна на пратениците внатре во Собрание, но, и очекувања за иста таква борба на народот пред Собранието.

Мислам дека ќе има тригер за поголемо собирање пред Собранието, затоа што фокусот од Влада се сели во Собрание. Ние од внатре, народот од надвор! – Mислам дека ќе спречиме предавство кое е десеткратно поголемо од преспанското предавство.

На прашањето што ќе направи Левица кога ќе започне „играта“ во Собрание, Апасиев одговори дека се планираат различни начини на дејствување.

Чекорите не ги откриваме затоа што ќе играме стратешки. Чекорите ќе бидат правни и институционални или вонправни и вонинституционални, значи комбинација од два потока кои очекуваме да дадат резултати, бидејќи секојдневно гледаме дека оваа влада и оваа банда има контра – ефекти кои пробаа да направат меѓуетнички судири, да направат потфрлени агенти од АНБ, кои продуцираа насилство и мислеа дека со тоа ќе го намалат бројот на протестирачи, но, спротивен ефект на бумеранг доживејаа.

На крај пратеникот заклучи дека тие ќе играат шаховски.
Сега имаме пута три од почетните протестирачи. Имаме река народ од влада до собрание цела поворка илјадници луѓе се во прашање можеби 50 илјади и тоа треба да ги замисли. Ќе играме шаховски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...

Ален Деребан: Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор!

Денес го чествуваме Илинден – симболот на македонската борба, гордост и непокор! Да се потсетиме на храброста на илинденците од 1903 и државничката мудрост на...