18.7 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаОбјавени фотографии од спасеното момче од Македонија- И покрај што пливал многу...

Објавени фотографии од спасеното момче од Македонија- И покрај што пливал многу часа во текот на ноќта тој е во добра здравствена состојба!! (ФОТО)

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Еден од исчезнатите македонски државјани на Халкидики, пронајден е жив и е во релативно добра здравствена состојба, потврдуваат за дописничката на МИА од Атина извори од крајбрежната служба на Грција.

<

Според истите информации на МИА, станува збор за 30- годишен државјани на Северна Македонија, кој по над 17 часа од исчезнувањето е пронајден од товарен брод што пловел во близина во морскиот дел југозападно од Касандра.

Акцијата и потрагата на грчката крајбрежна служба, на грчкиот спасувачки тим и спасувачи волонтери продолжуваат за пронаоѓање на вториот исчезнат.

– Поточно, хеликоптерот на воздухопловните сили кој од утрото учествуваше во потрагата по двајцата исчезнати лица во Посеиди, Халкидики, лоцираше едно од двете млади момчиња во морето, на 14 наутички милји од копно (околу 26 километри). Тој беше превземен од блискиот брод под знамето на Гибралтар, а потоа брод на крајбрежната стража го презеде за да го однесе до пристаништето Неа Скиони, пишуваат грчките медиуми.

Според информациите на newsit.gr, станува збор за 30-годишниот исчезнат, чиј татко и брат дошле од Скопје да учествуваат во потрагата.
– Всушност, тој беше пронајден во доста добра состојба, и покрај многуте часови што морал да плива, поголем дел нив во текот на ноќта, пишува порталот.

Групата од тројца млади луѓе летуваше на Халкидики. Вчера славеле роденден на пријател на плажата во Митис во Посеиди, нурнале во морето и исчезнале.

Со помош на сурфер, еден од групата прв беше пронајден жив уште вчера и пренесен во болница, без никаква опасност по неговото здравје.,

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...