17.7 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаСела: Северна Македонија мора да го прифати францускиот предлог

Села: Северна Македонија мора да го прифати францускиот предлог

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села изјави дека Северна Македонија „мора да го прифати францускиот предлог по отстранувањето на ветото на Бугарија за да се отворат преговорите со ЕУ“.

<

Преку скајп интервју за Ора њуз, Села додаде дека Албанците не треба да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири до пет години.

-Ова е понудата што ја има Северна Македонија на маса и треба да се сфати многу сериозно. Одлуката не е дали ќе го прифати или не пакетот или францускиот предлог, туку изборот што мора да го направи Северна Македонија е дали да го продолжи или не европскиот пат. Ако не прашаат, ние отворено сме го кажале нашиот став. Ние сме за продолжување на ова патување кое поминува низ прифаќање на францускиот предлог. Мислам дека Северна Македонија нема да има подобар предлог за решение на овој спор и затоа дефинитивно мора да продолжиме по овој пат. Албанците не можат да останат заложници на конфликти кои се рециклираат и се повторуваат на секои четири или пет години, рече Села.

Сега, кога проблемот со Грција е надминат, посочува тој, преку таканаречениот договор од Преспа, се надевам дека ова треба да биде последниот консензус што треба да го донесе креирањето политики во Северна Македонија и да одиме кон ЕУ како регион.

Поздравувајќи ја осудата на српскиот геноцид во Сребреница од страна на Парламентот на Албанија, со донесување резолуција за тоа, Села, меѓу другото, рече дека „треба да внимаваме со кого влегуваме во заеднички регионални иницијативи“.

-Геноцидот, без разлика каде се случил, е за осуда. Токму со тие критични моменти се потсетуваме на суровоста на многу земји, особено Србија, на Балканот. Сведоци сме и во денешно време. Слични сцени гледаме во конфликтот меѓу Русија и Украина, односно од рускиот притисок врз Украина. Тоа се моменти на кои мора да се потсетиме за да не се повторат, вели тој.

Села и со оценка дека „не може да се тврди дека Албанија се модернизирала или променила“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...