18.1 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЗаклани 10 коњи во Скопската Зоолошка- Директорот вели биле болни и запленети...

Заклани 10 коњи во Скопската Зоолошка- Директорот вели биле болни и запленети од дрвокрадци.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот Кристијан Стаменов вели дека станува збор за животни кои ги добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и ишверцери. (Фото: ЗОО)

<

Во скопската Зоолошка градина вчера се заклани 10 коњи, а месото од нив ќе се користи како храна за животните. Директорот на Зоолошката градина Кристијан Стаменов, за САКАМДАКАЖАМ.МК објаснува дека станува збор за животни кои ги добиле од Агенцијата за запленет имот, при акции за фаќање дрвокрадци и шверцери.

Добиле 16 коњи, а 10 од нив биле болни и затоа е решено тие да бидат заклани. Постапката, вели тој, е согласно законите и правилата за третман на животни, а известена е и Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Како институција имаме можност за економско искористување на животни. Станува збор за тешка постапка, јас што со години работам со животни во Зоолошката градина најдобро знам колку е тешко да се направи, но друго немаше што да се прави бидејќи беа болни. Коњите ги прегледаа стручни лица и заклучија дека се болни, имаа отворени рани, скршеници, како и карцином. Во таква состојба, за жал, нема што друго да се направи“, вели Стаменов.

Останатите 6 коњи кои Зоолошката ги добила од Агенцијата во моментов се на лекување и се прават сите потребни испитувања за да можат да се чуваат во Зоолошката градина.
Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...