31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаВо Охрид се одржа завршната конференција на проектот “Мерки за зајакнување на...

Во Охрид се одржа завршната конференција на проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид -19“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Синоќа во Охрид се одржа завршната конференција на проектот: “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид -19“, кој го спроведува Центарот за управување со промени.

<

Проектот е поддржан од Balkan Trust for Democracy и USAID, а е под покровителство на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседателот Пендаровски. Проектот е насочен кон развој на женското претприемништво, нудење предлог мерки за ревидирање на постоечките владини програми за олеснување на економските последици кои произлегоа од кризата со Ковид-19.

На конференцијата се обрати градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, кој во оваа прилика истакна:

– Ми претставува особена чест и задоволство, во името на градот Охрид и во свое име, да ви посакам пријатно добредојде во духовната престолнина на Македонија и успешна работа на вашата завршна конференција од проектот “Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“.

Дозволете ми овде да посочам на одредени активности и документи кои како локална самоуправа ги имаме завршено или се во тек, а кои се однесуваат на учеството на жените во општествениот живот на заедницата.

Ние како локална самоуправа ја имаме Стратегијата за родова еднаквост, а во процес на изработка е и Стратегијата за развој на женско претприемништво за Југозападниот регион, која се изготвува по теркот на Националната платформа за женско претприемништво. Овие документи и искрената заложба на локалната самоуправа за вистинска рамноправност меѓу жените и мажите, за нас немаат алтернатива во заедничкото градење на нашата заедница и иднина. Верувам дека со завршните активности , а посебно со базарот на женската иновативност и вештини, во полн сјај ќе блесне вашата умешност и знаење – подвлече во своето излагање Пецаков.

Во рамките на завршните активности, синоќа на плоштадот “Св. Климент Охридски“ се одржа базар на жените занаетчии, на кој беа презентирани рачни ракотворби, инспирирани од македонското културно наследство од повеќе региони во Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...