23.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаМилевски: Левица е секта од типот на јеховини сведоци

Милевски: Левица е секта од типот на јеховини сведоци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претседателот на ЛДП и министер за локална самоуправа Горан Милевски утрово реагираше на пишувањата на опозицијата по гласањето на парламентарното мнозинство за европскиот предлог за преговори за членство на Македонија во ЕУ. Неговиот статус на Фејсбук го пренесуваме во целост:

<

Гледам синоќа, екстремната десница која се претставува како левица, а во суштина е секта од типот на јеховини сведоци, со поддршка на целокупната руска пропагандна и финансиска машинерија тргнала со груби лаги и манипулации, во негативна кампања против мене.
Целта е јасна, политичка елиминација на нивните најголеми идеолошки противници, кои најотворено се борат против руските интереси и инсталации во Македонија.

За волја на вистината:

Ниту сум гласал, ниту сум дал поддршка на Францускиот предлог,

– Ниту сега, ниту било кога во иднина ќе се согласам со бугаризација на македонската историја па макар и ја напуштил политиката,

Ниту сега, ниту во иднина, ќе направам чекор со кој ќе дозволам руските испостави да го сменат политичкиот курс на земјата.

Како што во Битола, граѓанскиот центар кој го претставуваат ЛДП, ДОМ и Поинаку, преку своите избирачи, не дозволија Левица да има било какво влијание во локалната политика, тоа ќе се случи и на државно ниво, на следните избори, каде Левица повторно ќе си остане опозиција, без доволен број на пратеници со кои ќе ја уценува Владата. И тоа ќе се случи токму поради гласачите на Центарот.

И тука лежи нервозата на оваа интересна групација и на Русија.

Тука е стравот од ЛДП која со своето одбивање да гласа за Францускиот предлогот им го стесни кругот на влијание на оваа секта и не дозволи тапијата за патриотизмот да ја има екстремната десница која сака да граби и гласови на разочараниот Центар.

Независно што пишувате, не ви се плашиме, ниту ќе ве оставиме да ја уништите оваа земја.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...