18.1 C
Ohrid
четврток, септември 11, 2025
ПочетнаМакедонијаУапсено лицето кое го запали возилото на пратеникот Ристески

Уапсено лицето кое го запали возилото на пратеникот Ристески

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

СВР Битола-ОВР Прилеп информира дека уапсен е осомничен кој доцна синоќа во 1:45 часот го опожарил автомобилот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески.

<

-Покрај возилото „шкода кодиак”, со прилепски регистарски ознаки, сопственост на П.Р.(45) од Прилеп, од пожарот било зафатено и патничко моторно возило „пежо 206″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на неговиот татко Б.Р, соопшти МВР.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Претходно дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на локацијата. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.

Случајот прв го објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој напиша дека „ова е кукавички чин“.

Владеачката СДСМ го осуди ваквиот криминален начин и апелираше што поскоро да се најдат виновниците.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Таа не умре од канцер на дојка, туку ја убија со хемија“: Македонската водителка со потресна исповед

Познатата пејачка, водителка и мотивациски тренер Јулија Мациевска била повикана како прв сведок на денешното судско рочиште за скандалот „Онкологија”. Таа е мајка на познатата...

Македонец војувал во Мариупол: „Сум видел непријатни и брутални сцени”

37-годишниот Љупчо Бојчевски од Скопје е единствениот Македонец осуден на затворска казна за учество во странска војска во конфликтот во Украина, борејќи се на...

Џамбазов: Уметникот не треба да се занимава со политика

Познатиот глумец, шоумен, пејач и писател, Игор Џамбазов е гостин во првиот Претрес со Ландов во третата сезона. Тој говори за неговиот живот, кариера,...

„Бране Петрушевски со хумор на своја сметка: Добра е монтажата со сакото””

Добра монтажа, морам да признаам, ме развесели. Браво за авторите. А инаку, црвено-црната комбинација мислам дека подобро ми стои. Ако вака се тешат во СДС, нека...