27.9 C
Ohrid
недела, јули 20, 2025
ПочетнаМакедонијаАнгелов: ЦУК подготвен како никогаш досега- Имаме дури два функционални хеликоптери

Ангелов: ЦУК подготвен како никогаш досега- Имаме дури два функционални хеликоптери

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Центарот за управување со кризи е подготвен како никогаш досега да се справи со пожарите, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, посочувајќи дека изминатите седум дена имало повеќе од десет сериозни шумски пожари на територијата на државата, но сите биле брзо изгаснати и затоа граѓаните не знаат за нив.

<

Тој, во вечерашното гостување на „Сител“ телевизија, посочи дека ер-тракторите се во надлежност на Дирекцијата за заштита и спасување. Според информациите на Ангелов, од трите ер-трактори, едниот е функционален, додека вториот се чека да биде донесен од операторот, а третиот се сервисира.

– Имаме два функционални хеликоптери на Армијата, опремени, со искусна посада. Овие хеликоптери се покажаа како исклучително значајни минатата година. Од оваа година, еден хеликоптер на МВР е оспособен за гаснење пожари. Значи, еден хеликоптер и еден авион повеќе од минатата година. Покрај тоа, имаме 820 професионални пожарникари, 200 доброволци од противпожарни друштво. Покрај пожарникарите имаме 60 возила, 45 цистерни, потоа теренски возила со носивост 500, 600 литри, кои можат да се движат по тешко пристапни терени, посочи Ангелов.

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...

Пендаровски за Лајм ТВ: Мислам дека Милошевиќ стои зад атентатот врз Глигоров

Поранешниот претседател Стево Пендаровски, во ново интервју за Лајм ТВ, зборуваше за актуелната политичка состојба во Македонија. Во интервјуто, Пендаровски изјави дека и по толку...

Од утре низ охридските улици ќе има полициски службеници од Србија.

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од утре заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид. Станува...

Скопјанец низ Кичево возел со 3,15 промили алкохол во крвта.

На 18.07.2025 година во 13.47 часот, на кружната крстосница „Млин“ во Кичево, лишен од слобода е Б.К.(48) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај,...