14.3 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeМакедонијаМаричиќ: Последните 5 години нема купување гласови во Собранието

Маричиќ: Последните 5 години нема купување гласови во Собранието

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нашето Собрание усвои заклучоци кои даваат јасна рамка на дејствување дека ништо поврзано со јазикот, нашиот македонски јазик идентитетот и културната посебност, обележјата на еден народ нема да биде под прашање доколку тоа се отвори во кој било момент. Ние секако дека за тоа ниту ќе разговараме, ниту имаме намера да преговараме, ниту пак тоа е дел од европските правила. Значи ништо од тоа не е во рамките на европските критериуми и затоа сме сигурни и се чувствуваме сигурни да влеземе во овој процес и да ја чекориме напред, затоа што доволно беше чекање и блокади 17 години, изјави вицепремиерот Маричиќ во синоќешното издание на „Трилинг“.

<

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ најави дека за уставните измени ќе се отвори дијалог со сите партии и сите пратеници ќе имаат можност во наредниот период, да се изјаснат на која страна на процесот ќе бидат, дали за ЕУ и продолжување на тој пат или за нови застој и блокади.

– Јас сум убеден дека мудро ќе одлучат пратениците во тој нареден период, имаме доволно време да разговараме со сите и да ги убедиме и се надевам исто така и дека опозицијата ќе го разбере овој процес колку е важен и колку е важно да се обединиме околу ова, додаде Маричиќ.

На прашањето за можно купување гласови на пратениците, вицепремиерот Маричиќ кажа дека во последните 5 години никогаш немало купување на гласови во нашето Собрание, а тоа што успеале во еден значаен процес да се направи, да убедат определен дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“, во случајот за Договорот од Преспа, било една сериозна задача, којашто требаше да нè внесе во НАТО.

Пред нас е уште една таква задача, а тоа е продолжување на патот на преговорите со ЕУ, бидејќи веќе ги започнавме. Мислам дека треба секоја политичка партија и секој пратеник да има доволно чувство на одговорност во наредниот период. Ќе има време да се одлучи дали е за патот на ЕУ или е против. Мислам дека е тоа дилемата, не е ништо друго. Содржински уставните измени којшто сега треба да ги направиме се далеку понепроблематични, од тоа што сме правеле во минато со Договорот од Преспа. Ова сега е додавање на уште неколку заедници или групи во нашиот устав што отсекогаш бил наша вредност, ништо ново, ништо поразлично, додаде Маричиќ.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...