13.9 C
Ohrid
четврток, март 28, 2024
ПочетнаМакедонијаЕвропската комисија ја одобри вакцината против мајмунски сипаници

Европската комисија ја одобри вакцината против мајмунски сипаници

Европската комисија (ЕК) денеска ја одобри вакцината Имванекс против вирусот на мајмунски сипаници во Европската Унија (ЕУ), и употребата ја прошири и во Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, јави ДПА. Портпарол на ЕК ја потврди одлуката откако фармацевтската компанија, Баваријан Нордик, информираше за одобрувањето на вакцината. Потегот следува откако Европската медицинска агенција (ЕМА) во петокот препорача Имванекс да се употребува и против мајмунски сипаници. Всушност, извршната власт на ЕУ го следи советот на ЕМА. Претходно, вакцината беше одобрена на ниво на ЕУ за заштита на возрасни лица од морбили. ЕК неодамна соопшти за два договора за купување вкупно 163.620 дози од вакцината на Баваријан Нордик. ЕУ купи 110.000 во јуни, со тоа што 25.000 се веќе дистрибуирани во шест земји членки. Унијата ги засилува плановите за јавното здравје за справување со вирусот, како што Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи избивањето на мајмунски сипаници во над 50 земји, за „вонредна состојба од меѓународна загриженост“. Прогласувањето вонредна состојба е највисокиот аларм на СЗО за здравствени закани, но, нема непосредни последици. Целта е да се алармираат властите за да преземат дејствија со што ќе го заштитат своето население. Медицински лица тврдат дека се чини оти појавувањето на сипаниците е најмногу кај машките лица кои имале хомосексуален однос, но, секој може да се зарази. Болеста што се лечи, е карактеристична по осипот што наликува на мозолчиња или плускавци. Вообичаено лезиите прво се појавуваат на лицето, за потоа да се формираат и на други делови од телото. МИА

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи

Општините ќе можат да конфискуваат дивоградби и наместо да ги уриваат да ги доделат на користење на ранливи групи или младински организации. Како што...

Дуел Ковачевски-Мицкоски на трети април!

Во Среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, Канал 5 телевизија ќе има чест да ви...

Ангелов: Ако победи СДСМ би работел за нив и како експерт, ама за плата од 5.000 евра

Прашан дали, ако СДСМ победи на изборите, ќе го напушти ВМРО-ДПМНЕ и ќе се врати во СДСМ, Стојанче Ангелов, претседателот на партијата „Достоинство“ синоќа...

Илија Јовановиќ: Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?!

Дома СКОПСКА СКОПСКА Бебиња се евидентирале како мртви и се продавале на други?! Од страна на Вечер -27/03/2024 - 15:08420 Илија Јовановиќ, претседател на здружението „Градиме...