22.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаМалолетник со електро-шок направа и метален пендрек затекнат во угостителски објект во...

Малолетник со електро-шок направа и метален пендрек затекнат во угостителски објект во Струга

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

при мешаните патроли од полициски службеници, родители и претставници од секторот за образование при локалната самоуправа и од Центарот за социјални работи, што викендот се реализираа во Струга, се затекнати малолетни лица во угостителски објекти по 24 часот, а кај еден од нив се пронајдени и одземени електро-шок направа и метален пендрек.

<

При контролите во рамките на превентивната кампања „Соседска патрола“, како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во периодот од 22 до 2 часот по полноќ била направена обиколка низ угостителските објекти и на отворен простор, каде што во ноќните часови младите најчесто се собираат и се задржуваат.

– Притоа, кај еден малолетник, се пронајдени и одземени една електро шок направа и метален пендрек, по што е повикан неговиот родител и во присуство на претставник од Центарот за социјални работи, во полициската станица е извршен разговор. Во повеќе угостителски објекти, по 24 часот се затекнати малолетни лица, поради што против одговорните и правните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Димоски.

Целта на кампањата, додаде тој, е родителите да видат какви се условите каде што излегуваат нивните деца, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните ризици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.

– Целта на проектот е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, рече Димоски.

МИА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...