17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаДупнати гуми и искршени стакла на македонски возила во Калитеа - Граѓаните...

Дупнати гуми и искршени стакла на македонски возила во Калитеа – Граѓаните исплашени: Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Читатели на Фактор до нивната редакција испратија ексклузивни фотографии, на кои се гледаат искршени стакла и дупнати гуми на возила со македонски регистарски таблички во грчкото одморалиште Калитеа, чии сопственици се граѓани кои најверојатно го поминуваат својот годишен одмор во ова познато летувалиште, кое се наоѓа на првиот крак на полуостровот Халкидики.

<

 

 

Според информации на Фактор, овој инцидент е пријавен, но Полицијата се уште не излегла да изврши увид.

Информациите велат дека најголемиот дел од оштетените десетна возила биле паркирани кај плажата во непосредна близина на хотелит „Зевс“, но имало оштетени возила во центарот на Калитеа.

 

 

Фактор располага со фотографии од две оштетени возила.

Сопствениците на оштетените возила се чувствуваат загрозено од овој немил настан. Стравуваат да не доживеат и други инциденти.

„Не знаеме како ќе ја поминеме ноќта“, велат тие за Фактор.

Н.Н.Ф.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...