13.9 C
Ohrid
вторник, април 22, 2025
ПочетнаМакедонијаНедостигот од работници во Охрид го пополнија 15-годишни деца.

Недостигот од работници во Охрид го пополнија 15-годишни деца.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

За разлика од минатите години, кога младите не сакаа да работат, оваа година се пријавија доста млади со по 16, или 17 години за работа, вели Крсто Блажевски, претседател на ХОТАМ

<

Охридско-струшкиот регион се подготвува за најголемиот сезонски туристички шпиц, кој почнува овој викенд, а трае до 10 август. Хотелите се веќе резервирани од 90 до 100 проценти, а полни се и приватните сместувачки капацитети, велат од Хотелско-туристичката асоцијација на Македонија (ХОТАМ).

Секоја година, околу 2 Aвгуст, е проблем да се најде сместување на охридско-струшката ривиера. Тогаш се одржуваат и многу концерти и буквално нема празна соба за сместување. Побарувачката, пак, ги диктира цените и тие во тој период се повисоки. Сместување во соба во хотел со 4 ѕвезди е 70 до 80 евра, а и приватниците ги формираат цените според зголемената побарувачка – вели Крсто Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Блажевски вели дека недостигот на работници е сериозен проблем, како и во сите сектори, така и во туризмот е сериозен проблем, но оваа сезона се снашле со млади работници од по 16-17 години.

За разлика од минатите години, кога младите не сакаа да работат, оваа година се пријавија доста млади со по 16, или 17 години за работа. Има доста работа, која тие може да ја извршуваат иако немаат квалификации за туристичко-угостителскиот сектор. На пример, тие работат на поставување шведска маса, нејзино раскренување, миење садови, опслужување со лежалки или, пак, се келнери во некои помали кафулиња. Не навлегувам во тоа од каде дојде овој нивен интерес за работа, дали можеби тоа го прават само за да стекнат искуства, па в година да одат на работа во Хрватска, но може да кажам дека се вредни и дека сакаат да научат – вели Блажевски.

Тој вели дека мора да се изнајде трајно решение за овој проблем во хотелско-угостителскиот сектор, затоа што намалување на искористеноста капацитетите поради недостиг на работници, би значело не само загуба за сопствениците на тие капацитети, туку и за туризмот воопшто.

– Преку ХОТАМ се ангажираме да се создадат предуслови за да можат тие што се во работен однос, дополнително да работат. На пример, да може да работат за време на викенди, или по неколку часови да бидат помош во некој хотелско-угостителски објект. Направивме и пилот-проект поддржан од ЕУ, а Охрид и Струга се пробните дестинации. До крајот на годината ќе ги видиме резултатите – вели Блажевски.

За повеќе детали Тука-Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

И покрај гаранцијата од 2 милиона евра- Судот одби да го ослободи Асмир Јахоски.

Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на А.Ј., осомничен за перење пари...

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор.

Со кауција од 2 милиони евра, Асмир Јахоски излегува од притвор. Покрај ова за сопственикот на Пуцко Петрол и син на пратеник на...

Кумановка вработена во спортска обложувалница украла 32 илјади денари

МВР денеска соопшти дека на 13 октомври 2024, додека била на работното место во спортска обложувалница во Куманово, пријавената М.П од дневниот пазар одзела...

Нотарка навредувала слеп човек со зборовите: Неписмен, ниту гледаш ниту слушаш !!!

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) утврдила вознемирување и директна дискриминација од нотарка кон слепо лице, но и дискриминација од Министерството за...