-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаВо Албанија се идентификувани 45 икони украдени од македонските цркви

Во Албанија се идентификувани 45 икони украдени од македонските цркви

spot_img

„Токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка (група) на икони каде што од 45 икони, веќе 23-24 се идентификувани дека со сигурност се украдени од македонските цркви. Испративме тим од Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство кој на самото место ги идентификуваше иконите. Тие веќе работат на препознавање на остатокот на иконите. Ова ни укажа дека треба да имаме повеќе законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат“, посочува министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

Нови 23-24 икони украдени од македонските цркви се пронајдени во Република Албанија. Ова го открива министерката за култура Бисера Стојчевска- Костадиновска, која посочи дека, се воспоставува и законодавство за справување со кражба на артефакти и уметнички дела и сето она што е карактеристично за нашата држава.

„Во тој процес на реституција со Република Албанија, на веќе украдени икони, токму кога тој процес на 25 икони се заокружи, откривме нова пратка (група) на икони каде што од 45 икони, веќе 23-24 се идентификувани дека со сигурност се наши, украдени од нашите цркви. Испративме тим од Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство, кој на самото место ги идентификуваше иконите. Тие веќе работат на препознавање на остатокот на иконите. Ова ни укажа дека треба да имаме повеќе законски решенија за тоа како овие процеси понатаму ќе се решаваат“, посочува министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Министерката признава и дека во оваа насока ни недостасуваат правни механизми.

„Ние како држава, за жал, не сме воспоставиле правен механизам како ќе оди таа реституција и тоа сега го решаваме ад-хок, односно сите вклучени министерства како министерство за финансии, култура правда и царинска управа после одморите ќе го зајакнеме токму овој закон за управување со украдени добра, каде што посебно ќе се обрне внимание на тоа како понатаму би дејствувале во однос на една ваква појава. Се плашам, како и сите инволвираните, дека ова нема да биде последно откритие на украдени икони. Затоа ќе работиме понатаму на воспоставување на некаков механизам како би ги обележале нашите уметнички дела и сето она што е артефакт, што е за нас е многу значајно. Не можеме да заштитиме било кој друг процес, ако немаме заштита од крадење“, додава Костадиновска-Стојчевска.

Таа, исто така, додаде во оваа насока помош ќе има и од страна на Американската амбасада во нашата држава.

„За време на мојот престој во Вашингтон остварив средба со Коалицијата за заштита од кражба на артефакти кои ни помагаат не само со размена на искуства, туку и ни помагаат онаму каде што ни треба зајакнување, и во правни механизми и во тоа кој сè треба да биде инволвиран во овие процеси. Исто така со министерот за внатрешни работи востановивме и дека оние студенти кои се образуваат на Факултетот за безбедност и кои токму се занимаваат со оваа проблематика, дека треба да добијат свое место, поточно да им се зајакне капацитетот во самото Министерство за внатрешни работи“, додава Костадиновска-Стојчевска.

Инаку, пред десетина години во акцијата на албанската полиција беа откриени над илјада артефакти, од кои е утврдено дека дваесетина се од македонските цркви. Од вкупно 1.077 икони, артефакти, бронзени и други предмети од средниот век запленети во акцијата „Икона“, потврдено е дека 21 икона припаѓаат на македонските цркви и манастири. Ова стои во Извештајот подготвен од албанските експерти по иконографија. Меѓу нив има дела на Дичо Зограф, иконостас со икони од свети Јован, свети Петар; Исус Христос, свети Павле, свети Лука, свети Јаков, свети Тома од 19 век

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...