13.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЏафери: Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме...

Џафери: Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Имаме една заедничка држава и сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме, за нас и за идните поколенија. Тоа е наш долг кон сите оние кои се бореа за таква граѓанска држава, општество на сите граѓани во кое ќе растат нашите деца, внуци и идни генерации кои заслужуваат да живеат, растат, се образуваат и творат во европска Република Северна Македонија, современа и просперитетна држава на европски граѓани, истакна претседателот на Собранието Талат Џафери во денешното обраќање во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце по повод националниот празник Илинден.

<

Честитајќи го празникот кога ги одбележуваме двата илиндена и годишнини, 119 годишнина (1903) од Крушевската Република и 78 – годишнина (1944) од Заседанието на АСНОМ, којшто годинава се одвива под мотото „Илинден – нашата сила за иднината“, Џафери истакна дека Илинден навистина е единствениот концепт кој што ја опишува вредноста и основата од која сите поаѓаме и во која наоѓаме сила за продолжување понатака во градењето на иднината на нашата заедничка држава, за нас, за нашите идни поколенија, идни граѓани на европското и светското семејство на народи, славејќи ги и празнувајќи ги вредностите кои не обединуваат и поврзуваат, вредности кои не прават горди и сплотени граѓани на нашата заедничка држава.

 

 

Постулатите со кои се јасно дефинирани општите и посебни човекови права и слободи, со кои јасно се дефинира мултиетничкиот, мултикултурниот и мултиконфесионалниот карактер на нашата држава се најцврстата основа врз која ќе продолжиме да чекориме како и досега. Настаните во минатото не уверија дека само сплотувањето кон заеднички дом за сите, со јасна визија, мудрост и разум е единствената, природна и остварлива крајна цел. Ако се однесуваме одговорно и разумно кон државата и граѓаните, со взаемна почит и соработка, прифаќајќи го изразувањето на особеностите и карактеристиките на секоја етничка заедница, на културата, јазикот, идентитетските обележја како природно право, тогаш патот по кој треба да чекориме е одамна детерминиран, уште од првите илинденци. Тие биле свесни дека само со надминување на тесната и себична рамка, со отворање на умот и силно прегрнување на благодатите кои ги нуди нашата земја, ќе бидеме пример за нова и додадена вредност во регионот и пошироко, рече Џафери.

Според него, сега започнува вистинската битка за реформирање на институциите, за консолидирање на редовите, за спроведување во пракса на усогласените закони со европското законодавство и за тоа ни треба единство, искрен и несебичен придонес на секој еден поединец во државата.

Претходно во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце цвеќе положија делегации од Владата, Собранието, Кабинетот на Претседателот и од други државни институции, како и политички партии. Чествувањето продолжи со културно-уметничка програма и настап „Танец“ и Ансамблот на албански народни ора и песни во РСМ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...