16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПендаровски пристигна во манастирот „Св. Прохор Пчински“

Пендаровски пристигна во манастирот „Св. Прохор Пчински“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државно-црковната делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски денеска пристигна во манастирот „Св. Прохор Пчински“, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

<

Претседателот Пендаровски ќе положи венец со цвеќе на Спомен плочата на АСНОМ, поставена во манастирскиот комплекс. Токму на ова место е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година.Во состав на државно-црковната делегација на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ се министерката за одбрана, Славјанка Петровска, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, Мирослав Јовановиќ и Лидија Тасевска, Кумановско-осоговскиот митрополит г. Григориј и Епископот Стобиски г. Јаков, претставници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, како и претставници од Сојузот на борците на НОБ. Од српска страна, на чествувањето присуствуваат министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ и г. Пахомије, епископ врањски, како претставник на Српската Православна Црква.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...