0.9 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаРусковска: Не е во ред да се расправаме преку медиуми

Русковска: Не е во ред да се расправаме преку медиуми

spot_img

Баравме на увид анонимни кривични пријави по кои постапувала Управата за финансиска полиција. Се утврди дека се работи за околу 300 предмети, вели шефицата на ОЈО ГОКК.

Случајот со претресот во Управата за финансиска полиција (УФП) ги затресе и релациите меѓу Јавното обвинителство на Република Северна Македонија (ЈОРСМ) и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Откако ЈОРСМ вчера во сооштение наведе констатирани непревилности во постапката кон УФП, вклучително и за спроведениот претрес, шефицата на ОЈО ГОКК, Вилма Русковска, вели дека тоа е начин да се направи увид за да се проверат наводите во добиените пријави.

„За да се проверат наводите во доставената кривична пријава, а кои се однесуваат на анонимни кривични пријави по кои постапувала УФП, а кои наводно биле отворени, а потоа и затворени без да биде известен јавен обвинител, ОЈО ГОКК до Судот достави барање за издавање Наредба за претрес, но исто така до УФП достави и Наредба да се достават во ‘копија верна на оргинал’ предметите за кои се постапувало по анонимни кривични пријави. Се утврди дека се работи за околу 300 предмети”, објаснува Русковска.

Но, ваквото барање не резултирало со брз и комплетен одговор од УФП.

„Од 18-ти јули досега се доставени само околу 30-тина предмети и тоа во поголемиот дел она што не сме го барале, односно предмети кои завршиле со поднесување на кривични пријави. Ние стриктно баравме да ни се достават предмети во кои нема доставено кривични пријави до надлежно Обвинителство”, потенцира шефицата на ОЈО ГОКК.

Продолжен рокот за достава на предметите

Согласно тајноста на постапката во оваа фаза, Русковска никогаш не соопшти која е причината за претресот, освен дека се работи по пријава од граѓани. Но, според нејзината изјава дека се проверуваат наводи за анонимни кривични пријави по кои постапувала УФП, кои наводно биле отворени а потоа и затворени без да биде известен јавен обвинител, појасно се лоцира што испитува ОЈО ГОКК.

Зошто не им биле доставени бараните предмети?

„Од УФП кажаа дека инспекторите биле на одмор. Ама ние ги баравме и тие што се затворени, а според надлежните во УФП истите се во електронска форма, така што не ми е јасно зошто тие не се доставени”, вели обвинителката.

Рокот за доставување на предметите бил 10 дена, но на барање на УФП им бил продолжен за уште 5 дена.

Но, времето што не може да се врати назад, е она што е пропуштено за работите најпрвин да се разговара во институцијата, а не обратно – примарно да се „разговара“ преку соопштенија до јавноста.

Јавна преписка

Во овој случај јавната преписка почна со соопштение на директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Мауреми, откако ОЈО ГОКК почнало претрес во таа институција на 18 -ти јули. Муареми реагираше на „низа недоследности и нелогичности, излегување надвор од рамките на законската практика и неоснованост на примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на Обвинителството“.

Според УФП, претресот бил апсолутно непотребен, имајќи предвид дека согласно со своите надлежности ОЈО ГОКК може во кој било момент да и се обрати, и со само едно барање да го добие кој било предмет или документ за кој што е заинтересирано и за кој смета дека му е потребен.

Поради тоа, УФП поднела претставка до Јавниот обвинител на РСМ, за да се испита постапувањето на ова Обвинителство во конкретниот случај. Русковска изјави дека „со претставката од финансиската полиција се врши притисок врз обвинителството и судот”, а Муареми одговори дека „уште кога го пишувал соопштението бил свесен дека Русковска ќе го злоупотреби институтот за ‘наводен притисок’ врз институциите”.

Вчера се огласи и ЈОРСМ, кое преку соопштение наведе неколку констатирани неправилности во постапувањето во конкретниот предмет: ненадлежност на тројцата јавни обвинители од ОЈО ГАКК во постапувањето по кривичната пријава, укажување дека предметот треба да се да се додели на обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања, но и неколку други забелешки за постапката. ЈОРСМ ја задолжи Русковска целосно да го испита постапувањето по овој предмет, да ја утврди фактичката состојба и сите релевантни околности, пропустите во постапувањето и фактите за евентуална одговорност и за тоа да достави информација до Јавното обвинителство на РСМ.

„Малку сум разочарана од вчерашното соопштение затоа што очекував прво ние да дознаеме за наодите на ЈОРСМ, а не за тоа да дознаеме од медиумите. Не е во ред една иста институција меѓу себе да се расправа преку медиуми. Тоа го нарушува угледот на целата институција“, вели Русковска.

Таа уште еднаш повтори дека согласно член 56 став 4 од Законот за јавно обвинителство, Јавниот обвинител на РСМ и вишите ЈО, немаат право да се мешаат во постапувањето по конкретен предмет и дека по прашњето – дали барањето за претрес е законито – одлучува Судот, а не Јавниот обвинител.

извор: ДВ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

Насловна / Балкан • Македонија Објавено на: December 23, 2024 На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик t За првпат се случува конференција на...

Бајден помилуваше 37 од 40 затвореници осудени на смртна казна

Американскиот претседател Џо Бајден денеска им ги преиначи казните на 37 од 40 федерални осуденици на смрт во доживотен затвор без можност за условно...

Трамп: Во САД ќе има само два пола – машки и женски

Официјалната политика на САД ќе биде да има само два пола – машки и женски. Ова им го соопшти новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп,...

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...