19.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаЗа возачка ретко се полага од прва. На што најчесто се паѓа?

За возачка ретко се полага од прва. На што најчесто се паѓа?

spot_imgspot_img

Не го следат сообраќајот на ретровизорите, не вклучуваат трепкачи кога треба, доцна се престројуваат во соодветната коловозна лента, нагло притискаат на кочницата иако нема потреба за тоа, го стартуваат моторот на возилото додека тој работи, забораваат да стават ремен, тргнуваат со крената рачна сопирачка, неприспособена брзина, се само дел од грешките што ги прават кандидатите на возачкиот испит, а ни ги кажаа инструктори.
Практичниот дел од возачкиот испит, популарно познат како „градска“, е најголем проблем за кандидатите што полагаат, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат и дека е мал бројот на кандидати што од прва го поминуваат возачкиот испит. Затоа е потребно да се преиспитаат квалитетот, доследноста и начинот на спроведување на наставните единици од наставниот план и програма за оспособување на кандидатите за возачи.

Зошто паѓаат?

– Кандидатите за возачи најчесто не го поминуваат вториот дел од практичниот испит. На овој дел од возачкиот испит се утврдува дали кандидат за возач се стекнал со потребните знаења и вештини за самостојно управување со моторно возило на јавен пат од категоријата за која го полага испитот – вели д-р Трајче Георгиев, началник на единица за сообраќајно-инженерски работи во Бирото за јавна безбедност при МВР.

Д-р Трајче Георгиев

Возачкиот испит чини околу 500 евра. Но, трошокот се зголемува ако се плаќа на рати, ако се паѓа на испитите… Обуките и полагањето ги спроведуваат правни субјекти кои имаат дозвола и се избрани за тоа.

Од умешноста на возачите што учествуваат во сообраќајот, дисциплината и нивната етика зависи не само нивниот живот, туку и животот на останатите учесници.

– Евидентно е дека е мал бројот, односно дека е низок процентот на кандидатите за возачи што го положуваат возачкиот испит од прв обид. Причините за тоа треба да се детектираат пред сè во едукативниот процес кој се спроведува во автошколите, исто како и во објективноста на оценувањето на кандидатите за возачи за време на испитот. Односно, потребно е да се преиспитаат квалитетот, доследноста и начинот на спроведување на наставните единици од наставниот план и програма за оспособување на кандидатите за возачи од страна на предавачите и возачите-инструктори во автошколите, исто како и објективноста на членовите на испитните комисии за време на спроведувањето на возачкиот испит – вели Георгиев.

Колку положиле годинава во Скопје

Од особено значење се, според него, мотивацијата и посветеноста на кандидатот за возач, во смисла на неговата мотивација и посветеност на наставата за време на спроведувањето на обуката и последователно, начинот на презентирање на стекнатите знаења од областа на сообраќајните знаци и сигнализација и сообраќајните правила и прописи, како и покажаните вештини за управување со моторно возило, притоа имајќи ги предвид и неговите индивидуални можности и потенцијали.
Податоците на СВР Скопје за периодот од почетокот на годинава до крајот на третиот месец покажуваат дека од оние што се пријавиле за полагање теоретскиот дел го поминале 66 проценти, првиот практичен дел го поминале 79 отсто, а вториот практичен дел 27,5 проценти.

Најчесто грешките што ги прават кандидатите се последица од умор, вознемиреност, трема, страв од евентуален лош исход од испитот, слаба концентрација, брзоплетост, несигурност.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Опожарени новите електрични Мини-Буси во Прилеп !!

Првите електрични автобуси во Прилеп кои пробно беа пуштени за превоз на патници деновиве, биле опожарени рано утринава 2.28 минути, денеска на први мај...

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека кај Клиника за психијатрија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, при изведување на градежни работи – вршење на...

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица. Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци...