9.9 C
Ohrid
вторник, април 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЖената која прегази дете во Неготино испрати полициски службеници со предупредување во...

Жената која прегази дете во Неготино испрати полициски службеници со предупредување во домот на новинарката Клинчарова!

Полициски службеници од Полициска станица Неготино денеска дојдоа на домашна адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради службен разговор, односно поради Предупредување поради поплака од страна на жената возач која на осми август удри 11-годишно дете со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино.

Имено, во текстот објавен во „Фокус” пренесена е изјава на мајката на прегазеното дете, Билјана Малиминова, кое со тешки телесни повреди моментално е на болничко лекување на скопските клиники. Во изјавата, мајката посочи дека жената возач откако го удрила детето со автомобилот, наместо да повика итна медицинска помош и да го остави возилото со кое се случила несреќата на самото место поради увид, таа го зела повреденото дете во својот автомобил, тргнала да го носи дома, а попат запрела и го извадила момчето надвор од возилото, наводно за да провери дали тоа може да оди.

Полициските службеници и го доставија на Клинчарова за потпис, а кое таа не го потпиша, жената возач, која инаку не е именувана во текстот, не се објавени нејзини иницијали ниту пак со какво возило се случила несреќата, бара новинарката да биде предупредена дека објавила невистинита содржина за случената сообраќајка.

Реагирала дека се работи за статија со негативна конотација, и бара да се предупреди новинарката да не објавува невистини. И до мајката на детето, Бијлана Малиминова има исто Предупредување од страна на сторителката, но како што појаснија полициските службеници, таа моментално е во болница во Скопје, каде е хоспитализирано нејзиното дете, па не и е доставено Предупредувањето. Кој дел од објавениот текст не е вистинит, сторителката не појаснила во предупредувањето.

Инаку, детето моментално е хоспитализирано на детска хирургија во Скопје, со две скршеници на десна нога, скршеница на десна рака, и како што појасни мајката, модри гради и око. Постојано прима инфузија, и во наредните денови, во зависност од текот на лекувањето ќе знаат дали ќе им следи хируршка интервенција.

Со постапката на МВР, да се предупредуваат новинари поради објавен текст, се води кон цензура и самоцензура кај новинарите. Се ограничуваат слободно да известуваат за прашања од јавен интерес и се загрозува слободата на медиумите.

Новинарката Клинчарова покрива теми од дневни настани во ,,Фокус”, а случајот со предупредувањето го цени како обид за заплашување на новинари, посебно ако се земе предвид податокот што сопругот на пријавителката е полицаец.

Редакцијата на „Фокус” бара МВР да спроведе внатрешна истрага за случајот со кој се загрозува слободата на медиумите, што е неприфатливо во едно демократско општество.

Редакцијата на „Фокус“

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

73 годишен Тетовчанец, ја затворил снаата во соба и ја тепал.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К.(73) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и...

Ученикот кој претепа наставничка, од „Димо Хаџи Димов“ ќе биде префрлен во „Владо Тасевски“

Институциите, општината и основното училиште по претседателските избори ќе бараат решение за ученикот кој вчера претепа наставник и нападна ученици, а потоа беше приведен од...

19-годишник и малолетник завршиjа во полиција – Го прекршиле изборниот молк !!

Две лица од тетовско со лепење плакати за кандидат за претседател го прекршиле изборниот молк. Министерството за внатрешни работи информираше дека утрово во 01.05...

Боки вечерва повторно ќе УДРИ?! -Најавува вклучување во живо !!!

Боки 13 во поткастот „Лазаров“ зборуваше и за основањето на Меѓународен сојуз, но и за „1ТВ“. Зборуваше за функционерите, пришто кои ги обвини, за...