26.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков го осуди оштетувањето на дигиталниот споменик на Прличев и најави...

Градоначалникот Пецаков го осуди оштетувањето на дигиталниот споменик на Прличев и најави софистицирани безбедносни мерки во градот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Неполни 48 часа Охрид беше позитивна вест во земјата и регионот како прв град во кој е поставен паметен дигитален паметник посветен на големиот поет и преродбеник Григор Прличев. Убавата во лоша вест ја претворија засега непознати лица кои синоќа околу 19:30 часот го оштетија споменикот откорнувајќи ги буквите од него, по што го одзеле и македонското знаме. Се обиле да стигнат и до хардверот во што ги спречила силната метална заштита.

<

Вандалскиот чин го осуди градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков. Тој, како и целокупната јавност очекуваат надлежните служби да ги пронајдат сторителите и истите да бидат изведени пред лицето на правдата.

За жал сведоци сме на девијантни појави од страна на поединци поради што размислуваме за воведување софистициран видео надзор на терироријата на целата општина, со цел во иднина да спречиме вакvи и слични инциденти. – изјави Пецаков.

Настанот го осуди и авторот на споменикот, професорот и научник Анис Сефиданис кој најави дека тимот кој работеше на ова дигитално обележје веќе работи на неговово повторно оспособување.

Се огласи и СВР Охрид од каде информираат дека во тек е интензивна активност за идентификување на вандалите и расветлување на случајот кој ја разбранува јавноста.

Истражните органи вршат распит на сведоци, а се прегледуваат и снимки од камери од околните објекти, кои треба да помогнат во откривањето на сторителите на срамниот чин.

OhridNews

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пожар ноќеска во Кочани-Сопственикот е родител на починат во Пулс.

Ноќеска во пожар изгореа автобуси на плац на излезот на Кочани веднаш до бензинската пумпа “Авто Петрол” кај Оризари, објави Гласно.мк. Засега не се познати...

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје

Лишен од слобода мотоциклистот кој удри пешак во Скопје На 30.06.2025 околу 13.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Шар планина“ во Скопје...

Армиските „Хермелини“ и „БТР“ оклопните возила стануваат противпожарни

Во фабрика во близина на Кавадарци, се одвива интензивна пренамена на воени оклопни возила во противпожарни машини, во пресрет на сезоната на шумски пожари....

Во пожар кај Кочани изгореа автобуси на плац

Според видеото кое се појави на дел од медиумите, синоќа избувна пожар на плац на излезот на Кочани, веднаш до бензинската пумпа „Авто Петрол”...