22.9 C
Ohrid
сабота, август 2, 2025
ПочетнаМакедонијаАлијанса за Албанците: Албанците денес имаат финансиски проблеми

Алијанса за Албанците: Албанците денес имаат финансиски проблеми

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охридскиот договор е документот што направи промена во земјата и имаше за цел да ја промовира еднаквоста меѓу народите и развојот на земјата и нејзините граѓани. За овој документ многу млади мажи и жени ги жртвуваа своите животи, многу населени места беа тешко оштетени и се уште ги чувствуваат последиците, велат од Алијанса за Албанците.

<

Денес, 21 години од потпишувањето на овој договор, целта се уште не е постигната во ниту еден од столбовите на овој документ, додека во некои од нив имаме и уназадување. Правична и соодветна застапеност не само што не е постигната, туку е пренасочена и заменета со партиско претставување на високи и клучни функции за системот. Денес не само што не постои еднаквост меѓу народите, туку нема и индивидуална правда за граѓаните. Во економската сфера не само што е зголемена сиромаштијата, туку се продлабочи и дискриминацијата во распределбата на буџетот по етничка основа. Албанците денес имаат финансиски проблеми, додека само тие од власта станаа милионери. Неспроведувањето на Охридскиот договор и неговиот дух доведе до зголемување на криминалот и корупцијата, главно на штета на албанскиот граѓанин“, потенцираат од оваа партија.

За појасно да се разбере неуспехот на владите од овие две децении, раководени од ДУИ, додаваат од Алијанса за Албанците, доволно е да се потсетиме, како што велат, дека дете родено во 2001 година, денес на 21 година возраст го прекинува учењето и ја напушта државата, тргнувајќи по патот во печалба. Многу негови врсници се деца на загинати борци кои се жртвуваа за овој договор, а многу жени коишто оттогаш останаа без сопружници денес ги испратија и своите синови.

„21 години по потпишувањето на Охридскиот договор, владејачката партија ДУИ се фали со миграцијата на младите и малкуте инвестиции на приватните бизнисмени, обидувајќи се да им го украдат трудот и нивното пожртвување“, е наведено во соопштението од оваа партија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...