10.9 C
Ohrid
понеделник, октомври 14, 2024
ПочетнаМакедонијаКуновска: При отворањето на Уставот, ние Егејците да бидеме внесени во него,...

Куновска: При отворањето на Уставот, ние Егејците да бидеме внесени во него, и тоа како посебно племе – Егејско

Безумието владее? Даа! – и тоа како програмирана политичка и физичка тортура, со испробана рутина на владејачката постава за изнудување политички отстапки од народот на надворешен и внатрешен план – компромиси, фактички прифаќање ултиматуми, уцени… кои за македонскиот национален опстанок долгорочно ќе бидат погубни.

На тој начин, во ситуација на „гужва пред гол“ власта ја игнорира, а воедно и стимулира постоечката драматично морална и сеопшта криза на македонското општество, поврзана со разградба на македонскиот национален идентитет и уништувањето на патриотизмот како срамно чувство на Македонецот, пишува Јагнула Куновска во колумна за Плусинфо.

 

 

Во продолжение на колумната вели:

Отвореното фашистичко послание и диктатурата на злото кое го следи, несметано се закотвија во Македонија. – Нема кој да ги спречи…?! Тие станаа гордост на поврзаните старо – нови фашистички банди и ликуваат од позиција на властодршци.

Поддржани и форсирани од европското нацистичко трло, како и од извиканата доброиспердашена американска антидемократска силеџиска нарав, безобѕирната доминација на криминалната комбинација се одржува, чиниш никој ништо не им може, плански раководена од албанската мафија чија цел е уништување на институциите кои ги раководи и доведување на државата пред свршен чин – сеопшт распад.

Само за да се сочува власта, македонците – апаши прават непромислени отстапки спрема коалициониот ДУИ. Прифаќаат секакви уцени, насоки… понижувања, кои внатрешно го раслојуваат и уништуваат општеството, а надворешно нѐ доведоа во подредена состојба спрема соседните држави, европската и светската заедница, да ни се вмешуваат и да ни диктираат правец на однесување, игнорирајќи ни го личното и национално достоинство. Тоа е сликата на сеопштата реалност во државата која на некого му смета, на некого – ич, која од ден на ден станува се поопасна за нас Македонците, кои последиците допрва трагично ќе ги почувствуваме, посебно, ако сегашните отпадници потраат уште некое време.

Власта преку Намесникот нѐ уверува дека „набрзо ќе го изодиме патот кон ЕУ“ со преземање на принципите на Западната демократија кои веќе не постојат. Игра „мижи татара“ со народот, сметајќи го недораснат да го процени неговото отворено настојување да ја изедначи анархијата со која владее, со демократијата, која како факт, е една голема и злоупотребувана до максимум лага.

Оттука се и евидентните последици кои како народ ги трпиме на овој наш македонски простор претворен во полигон за експериментирање, поткусурување, и наше лично преобразување, во кое, повеќето Македонци веќе не можеме да се препознаеме самите себе во бунилото кое ни стана секојдневие, како резултат на негрижата за самите себе и оставање нашите работи друг да ни ги врши.

Македонија, во тенденцијата да стане престорена земја, во разградбата се форсира како „мултинационална“, „мултиконфесионална“, „мултиколективна“, „мултиетнчка“… или – „општество за сите“ – какво што ни проповедаше Идиотот кој нѐ надигра додека ги спремаше полињата со марихуана, за да сега – го боли уво… Тој и неговата банда која и сега е на власт, со негирање на постојниот Устав ја претвораат Македонија во партнерска разграбина меѓу македонскиот народ и албанското малцинство, со што се изгуби смислата на АСНОМ-ска Македонија која е конституирана врз основа на мнозинскиот народ – македонскиот.

Се распаѓаме во збирштината од племиња кои на колективистичка база продуцираат апетити за прераснување во конститутивни народи, со барање да бидат внесени во Уставот дури и како отцепени од разбиеното македонско јадро, со гласни коментари: – Зошто и ние да не бидеме НАРОД…?!

Кога е така, кога кој се нашол во државава бара да биде внесен во македонскиот Устав како народ, ЈАС, како Егејка која доживеа во предавничкиот договор со Грција да бидам збришана од земското постоење во мојата постојбина… а во никој случај не може да ме наречат Северина, бидејќи сум од „подолу од Југот“, а во оваа земја Егејците нѐ има како плева, а не илјада, две или три илјади… барам:

При отворањето на Уставот, први, ние Егејците да бидеме внесени во него, и тоа како посебно племе – Егејско, со свој познат говорен дијалект, борбеност, гордост за сопственото потекло директно од Александар Македонски… а после нас, кој сака и кој како може… нека се редат – Горномаалци, Долномаалци…

Со тоа, ние Егејците да покажеме на светот дека не сме како Вардарците кои се откажаа од нас, а се откажаа и од самите себе… и своето античко досие, ставајќи метални брошки како туѓи белези врз очите на своите споменици.

Погорното мое „природно право“ го барам бидејќи пораснав како бележан и сепариран Егејски изданок, несакан во средината: – Таткото на момчето со кое како гимназијалка се сакавме, не сакаше да нѐ гледа заедно, велејќи дека „за синот сака дејка од БАЏА, а не дојденка од пич мајчин…“.

Сега, тоа е минато, но, од поодамна почна да ме гризе јанѕа дека покрај кротките Вардарци и ние бунтовните Егејците ќе изгориме во постепената самонегација и туѓата асимилација… па како што почнало – како што нѐ снема од ОНИЕ, ќе нѐ снема и од ОВИЕ – од сите простори во кои живееме, пред сѐ на Балканот.

Затоа, со радост ја чекам Анѓа од Америка, на која ќе ѝ пишам писмо со честитка за добредојде и благодарност што е испратена од Подмижаниот во оваа дивина како воспитачка на забегани Северњаци, со предшколски развоен ум. Воедно, ќе ѝ се заколнам дека ќе бидам по верен Вазал од Вазалите… ако ми помогне – ние Егејците први да бидеме внесени во македонскиот Устав, за да некако се исправи ненамерната грешка од Преспанскиот договор, со кој нѐ исфрлија од сопственото постоење, како тринаесетто прасе.

Ете така, заедно со почитуваниот Османи, тој главен предводник а јас по (до) него, ќе се потрудам да ѝ помогнеме во нејзиното „справување со корупцијата“, посебно благодарни што „ќе ни гради отпор против штетното странско влијание кај нас, од Русија и Кина…“, оти тоа ти било опасно за светот, а светот се тие… а не сме ние.

Османи ќе ѝ го каже веќе кажаното, дека – „помошта ни е повеќе од добредојдена за отстранување на малигното влијание на Русија и Кина…“. За „промовирањето на земјата во МУЛТИЕТНИЧКА стабилна и демократска земја, неопходни карактеристики за да станеме посилен сојузник на САД и модел за пример во регионот“.
Ете, мои драги Македонци, како се станува модел за пример – Македонија, која како држава веќе никој не ја споменува по име. Таа е само земја… сечија, само НЕ на Македонците.

Османи стана нашиот стратешки национален идеолог и водач кој нѐ спасува додека нема кој нас да нѐ спаси од него кога не можеме сами, и – зошто некој да нѐ спасува кога го трпиме да ја промовира и веќе спроведува комбинацијата на големобугарскиот и големоалбанскиот модел во „мултиетничката стабилна демократија во земјава… модел за пример во регионот“, како наш суден европски пат… на исчезнувањето?!
Народе! Отпорот ни е обврска и должност кон самите себе. Ако не делуваме и не ја смениме власта, а само глагољаме, брзо ќе нѐ снема како Македонци, со сѐ државата Македонија. Треба со акција, дур не е доцна, да се сопре фашистичкиот продор во земјата кој е поткрепуван и благопријатен за Албанските партии… Со тоа ќе се пресече предавството на Македонците – властодршци, кои водени од друг, сопствениот народ нѐ различија со туѓ бербатлук.

Народе! – Русија и Кина не се малигно ткиво за нас, ние немаме мака од нив. Тие не ни го доведоа, до сега, во прашање територијалниот интегритет и суверенитет, ниту ја уништија Македонија и Македонецот со менување на името… Нас името и идентитетот ни го сменија тропарите од Европа и Америка… а сега нѐ плеснаа во ќора станица да го чекаме „возот од Кочани“, за да НИКОГАШ нѐ однесе во Европа, помочани.

А, Европа која сама си е виновна што си пука во нога со санкциите кои ги воведува спрема Русија (од што ќе ги лиши Русите?), водена е од недоветни политичари, алијас нашите – кои Акмаци! Ако не од друго, од почит кон сопствениот одбранбен систем, немаше по наредба да се ослободат од единственото оружје со кое располагавме, и да го подарат на оние, од кои е купено со народни пари!? Ако сме окупирана земја која не треба да располага со оружје, зошто е потребна тогаш и војска?… и министер за одбрана – мува Гомнарка?, генерали – Смрдловци….? Што ќе сте ни кога го разоружавте народот, а? Предавници! – Право на бесилка…!!!

 

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Зетот на убиениот Панче: Велибор ги извадил бекатон плочките од дворот на Панче

Тодор Кирков, зет на убиениот Панче Жежовски, денеска сведочеше на судењето за двојното убиство. Во својот исказ, Кирков ја опиша динамиката на односите со...

Тошковски најави засилен видео-надзор откако првооделенци сакале да силуваат ученик во Скопје

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска, најави засилување на видео-надзорот, како и присуството на полициски службеници, откако завчера двајца првооделенци од училиштето „Димитар...

Ново пукање во Чаир: Непознати лица му пукале во нога додека пешачел.

Денеска (14.10.2024) околу 18.10 часот од ГОБ „Св.Н. Охридски“ во СВР Скопје е пријавено дека во болницата бил донесен повреден Е.А. (35) од Скопје,...

Во Нова Градишка денес започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески.

Во Нова Градишка, Хрватска попладнево започна 17-от ултрамаратон во чест на Тоше Проески. Четиринаесетте маратонци ќе трчаат низ Хрватска, па преку Србија, низ Македонија,...