16.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаНова провокација од Бугарија, бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во...

Нова провокација од Бугарија, бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Скопје

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред три дена активисти на бугарската Фондација Македонија поставија бугарско знаме на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Тие најавија дека доаѓаат во Македонија за да исчистат неколку споменици во Македонија. Од 15 до 21 август најавуваат нови активности.
Фондација Македонија повторно го исчисти споменикот на Георги Делчев во Скопје“, пишува на фејсбук страницата на фондацијата.

<

Претседателот на фондацијата Виктор Стојанов на 11 август за бугарските медиуми даде изјава дека му бил забранет влезот во Македонија кога со „членови на фондацијата се спремале да исчистат споменик кој општината не го одржува соодветно“.

Стојанов на својот фејсбук-профил редовно информира за активностите на фондацијата на територијата на Македонија. Тој сега повикува и други лица да му се приклучат затоа што деновиве планира и нови акции кои ќе ја шират нивната кауза.

Фондацијата Македонија бара доброволци кои можат да патуваат во Македонија од 15 до 18 август. За 19, 20 и 21 август планираме неколку иницијативи и неколку наши групи ќе патуваат во Македонија“. „Ех, Скопје, Скопје. Уште ништо не си видел“. Ова се дел од пораките на фејсбук страницата на Фондација Македонија.

Оваа фондација пред неколку месеци се пофали дека низ Скопје залепи 10.000 налепниците на кои пишувало дека сме биле еден народ со Бугарите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Шофер во Здравствен дом Берово уапсен – Во службено возило пронајдена дрога

Лишен од слобода возач вработен во ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, кај него е пронајдена дрога На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови" во...

Претепан српски пратеник во Белград!

Партијата за слобода и правда објави на социјалната мрежа X дека нејзиниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан на протест во Белград. „Шефот на пратеникот на...

Трипуновски: Прв пат слушам дека нема доволно јајца во маркетите

Во однос на информацијата што ја објавија некои медиуми, дека во маркетите нема доволно домашни јајца, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски...

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија

Хероите од Октиси – цела ноќ на нозе во борба со огнената стихија . Жителите на селото Октиси од синоќа не ја напуштаат линијата на фронтот...