18.3 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаНа празникот Голема Богородица, Марко Пејчиновски ќе плива 64 километри на релација...

На празникот Голема Богородица, Марко Пејчиновски ќе плива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Марко Пејчиновски на 28-ми август, за празникот Успение на Пресвета Богородица или Голема Богородица, ќе плива 64 километри на релација Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, со што ќе го исполни ветувањето од почетокот на летото, кога најави 10 препливувања и околу 250 километри.

<

После 186 километри во 9 препливувања, тука сум да го најавам моето последно препливување: Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид, или полни 64 километри. Пред 3 години, поради болка во ногата, го прекинав пливањето на оваа релација која остана мој неостварен предизвик. Тука сум, да си докажам колку сум подобрен, да си докажам дека можам да го остварам мојот сон и да ја исполнам мојата желба и празнината која остана. Ова, сакам да ве инспирира и ВАС, без разлика колку нешто изгледа тешко во животот, не значи дека е невозможно, без разлика какви се препреките кои ги имате на патот до успехот морате да продолжете и не смеете никогаш да се откажувате. Имајте своја цел, најдете свој мотив и остварете ја. Ова препливување ќе е на празникот Голема Богородица. Им благодарам на сите оние кои поддржаа истакна младиот пливач.
Извор:Тв Мики

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...