15.9 C
Ohrid
понеделник, септември 15, 2025
HomeМакедонијаКовачев- Сакале нејќеле во Скопје ќе ја прифатат бугарската историја како заеничка...

Ковачев- Сакале нејќеле во Скопје ќе ја прифатат бугарската историја како заеничка – или нема во Европа

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ако одлуката на историската комисија за Цар Самуил се соопштеше уште во 2019 година кога е и донесена, и ако таква одлука се донесеше и за Гоце Делчев, немаше да дојде ни до рамковниот став на Бугарија, ниту до конечното одложување на почетокот на преговорите, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, пренесува БГНЕС.

<

„На светската историографија отсекогаш ѝ било јасно дека цар Самуил, Гоце Делчев, браќата Миладиновци или кој било друг сонародник преродбеник или револуционер од Македонија, се се Бугари и се дел од бугарската историја. Доволно е да се отвори која било странска енциклопедија, различна од онаа што е напишана во Скопје, и можете да ги видите, сите ‘контроверзни’ историски личности и теми дека се јасно дефинирани и претставени како целосно бугарски“, рече Ковачев.

Тој за последните политички коментари во Македонија вели дека не само што нема да помогнат, туку дека ќе го спречат европскиот развој на земјата.

„Признавањето на цар Самуил за бугарскиот император и неговото кралство за бугарско од македонскиот дел од мешаната историска комисија несомнено е сериозен чекор напред во однос на исполнувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година и усвојувањето на заедничка историја меѓу Бугарија и Северна Македонија“.

Европратеникот верува дека и покрај острата реторика на некои македонски политичари, договорот, протоколите кон него, преговарачката рамка, објективизацијата на историјата и промените на наставните програми, многу брзо ќе станат факт.

„Колегите од Скопје и претседателот Пендаровски мора да разберат дека тоа не се ‘препораки’ кои не значат ништо, туку задолжителни услови поставени во преговарачката рамка, кои мора реално да се исполнат за да се способни да го продолжат процесот на приклучување кон ЕУ, не само за правда, не само за нас, туку најмногу за споменот на нашите заеднички бугарски претци. Вистината нема да ги повреди сегашните чувства на луѓето од двете страни на границата, а ќе не направи посилни заедно во нашиот заеднички европски дом“, рече бугарскиот европратеник.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...