20.5 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаАрсовска: Град Скопје нема да го исклучи јавното осветлување: Ќе направиме сè...

Арсовска: Град Скопје нема да го исклучи јавното осветлување: Ќе направиме сè за да се намалат трошоците за струја, но не врз грбот на граѓаните

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Првиот човек на Град Скопје откри дел од мерките што се вклучени во планот за штедење на електрична енергија на Градот и истакна дека некои мерки сè уште се дефинираат

<

Секоја општина си креира мерки за штедење, тие имаат своја економија на одлучување, а Град Скопје веќе донесе долгорочни мерки, како и план за транзиција кон алтернативните извори за енергија, додека истовремено изготви и насоки за сите објекти што се под надлежност на Град Скопје за тоа на кој начин да функционираат, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, зборувајќи пред новинарите за сеопфатниот план за штедење на електрична енергија со мерки за намалување на потрошувачката на струја, кој го изработил Градот.

Арсовска посочи дека овој план вклучува повеќе различни мерки за заштеда на електричната енергија, но нагласи дека Градот тоа нема да го направи со исклучување на јавното осветлување на улиците и булеварите.

„Град Скопје пристапи кон намалување на интензитетот на јавното осветлување, но Скопје нема под ниту еден услов да го исклучи јавното осветлување на улиците и булеварите, првенствено поради безбедноста и сигурноста на скопјани. Ние ќе направиме сè што е возможно да се намалат трошоците на струја, но не врз грбот на граѓаните и не со загрозување на безбедноста на Град Скопје“,

изјави Арсовска.
Во врска со јавното осветлување, Арсовска истакна дека јачината на ЛЕД-светлата ќе се намали на 70 проценти, а осветлувањето ќе се менаџира во временски интервали и ќе има етапна замена на осветлувањето со ЛЕД-светилки.

„Дел од мерките за заштеда вклучуваат штедење со намалување на интензитетот на јавното осветлување, максимум до 70 отсто, етапна замена и користење на ЛЕД-светилки наместо обични или флуросцентни, рационално користење на електричните уреди во секој од објектите во јавните претпријатија, како и сведување на сите непродуктивни трошоци на Град Скопје на нула, односно прекин на праксата на купување луксузни стоки“,

истакна Арсовска зборувајќи за дел од мерките за заштеда на Градот.
Градоначалничката истакна и дека долгорочно е препорачано да се постави адаптивна термичка заштита и интегрирање на обновливи извори на енергија, така што ќе се постават соларни панели на објектите што влегуваат под надлежност на Град Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...