24.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаСветПобедникот во натпреварот за лежење упаднал во редакцијата на Дан, кршел и...

Победникот во натпреварот за лежење упаднал во редакцијата на Дан, кршел и повредил новинари бидеќи напишале дека е Џаболебар.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жарко Пејановиќ или Кнеле од Забјела е приведен во Црна Гора откако во вторникот упаднал во канцелариите на дневниот весник Дан и порталот Дана и физички ги нападнал вработените кршејќи го инвентарот.
Во инцидентот се повредени техничкиот уредник и еден новинар, а редакцијата на Дана објави фотографии на кои се гледа како изгледале нивните простории по нападот.

<

Како што пренесува Дан, Пејановиќ е незадоволен што во текстот од натпреварот во лежење, кој се одржа во етничкото село Црна Гора во Брезне, во кој тој победи, се вели дека тој е „најголемиот џаболебар“. Инаку, „најголемиот џаболебар“ веќе неколку години е востановената титула за победник на ова натпреварување.

За инцидентот се огласи и полицијата

„Во вторник во 18.06 часот во полиција во Подгорица е пријавено дека едно лице влегло во просториите на редакцијата ДАН и физички ги нападнало новинарите кои биле таму. Полициски службеници излегле на местото каде што го пронашле Ж. П. (38) кој незадоволен од текстот објавен во овој медиум за натпреварот што се одржал претходните денови во етничко село во Плужине, а во кој учествувал, физички го нападнал техничкиот уредник на редакцијата А.Ј., и го скршил стаклото и дел од инвентарот во овие простории, се здобил со повреди во вид на гребаница на раката“, се вели во соопштението.

Полицијата извршила увид на лице место, собрала информации од присутните во службените простории.

Подоцна Жарко Пејановиќ е сослушан од основен јавен обвинител и одреден му е притвор од 72 часа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...