26.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицајците од утрово без здравствено осигурување- на лекар плаќале приватно или биле...

Полицајците од утрово без здравствено осигурување- на лекар плаќале приватно или биле враќани, плаќале и за децата првачиња.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

очетнаВестиМакедонијаПолицајците од утрово без здравствено осигурување- на лекар плаќале приватно или биле враќани, плаќале и за децата првачиња
ВестиМакедонија
Полицајците од утрово без здравствено осигурување- на лекар плаќале приватно или биле враќани, плаќале и за децата првачиња
24.08.2022 15:43

<

Неколку полицајци реагираа до Телма и тврдат дека утрово кога биле на лекарски и на стоматолошки прегледи им било кажано дека немаат уплатено здравствено осигурување поради што прегледите и интервенциите мора да си ги платат само на приватно без употреба на парите од Фондот за здравствено осигурување.

За случајот потврдуваат и од Независниот синдикат на полицијата кои побараа МВР да го реши проблемот и да ги врати парите на полициските службеници. Особено е проблем и што без здравствено осигурување се и децата кои се осигурени преку родителите-полицајци.

-Во текот на 24.08.2022 год. на мејловите на телефоните на Независниот Синдикат на Полицијата, пристигнаа повеќе од 50-тина известувања како поплаки по барање совет како да се справат со некои од вечните Неработници кои се по удобните канцеларии во седиштето на МВР. Денеска повеќе 10-тина вработени во полицијата приватно платија за прегледи, неколку од нив и за систематски прегледи за првачиња, за деца на полицајци кои треба да бидат запишани во прво одделение во учебната 2022/23 год, соопштија од НСП.

Од МВР велат дека се е платено и проблемите се надминуваат.

-За сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос. МВР веднаш презеде мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот ќе биде надминат во најскоро време, одговорија од МВР.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Лозановска, директорката на гимназијата во Демир Хисар се јави на информативен разговор

Во полицијата во Демир Хисар на информативен разговор утрово се јави директорката на Гимназијата од Демир Хисар, Маја Лозановска, во придружба на нејзиниот адвокат...

Маж од Виница избоден 4 пати со нож пред угостителски објект !

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од Виница, по вербална...

Стопирана постапката за купување регистарски таблички во боја за функционерските возила

Министерството за внатрешни работи ја стопираше тендерската постапка за набавка на регистарски таблички за службени возила, поради жалбите што во моментов ги разгледува Државната...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност Директорот на Државни патишта,...