19.9 C
Ohrid
среда, мај 1, 2024
ПочетнаМакедонијаИзорано фудбалско игралиште во Куманово, Левица бара национализација на спортските терени

Изорано фудбалско игралиште во Куманово, Левица бара национализација на спортските терени

spot_imgspot_img

Иако во Куманово недостасуваат тревнати фудбалски терени и има потреба од нови, за жал кумановските деца и спортисти останаа без уште еден терен.

Според она што го дознаваме од ФК Куманово, концесионерот, кој концесија добил од државата пред повеќе од дваесет години, концесијата му истекува набрзо и се предвидува да се даде на владение на Општина Куманово. Од клубот велат дека концесионерот, кој нема дозвола да извршува било каква активност (бидејќи има судиски процес за земјиштето) од непознати причини, во саботата, рано наутро, го изорал фудбалското игралиште МИО, на кое дневно тренираат околу 150 деца.

Концесионерот и онака не го одржувал игралиштето, тревата била уништена, па децата претежно играле на земја. Првично, од клубот се надевале дека се работи за реконструкција на теренот со нова тревната површина со цел подобрување на условите за младите спортисти. Но, очигледно ова не им била намерата, туку за жал, спротивното – уништување на и онака лошиот спортски терен.

Токму од овие причини, во своите програмски мерки, Левица се залага за национализација на спортските објекти. Освен злоупотреба за личен профит, концесионерите не работат во интерес на народот, во овој случај – спортот и спортистите.

Кога спортските објекти ќе бидат во народна сопственост, одговорноста за нивно одржување ќе биде на самите клубови и спортисти, а преку директна помош од општините. Тогаш тие самите ќе се одговорни што се случува со нивниот терен и во какви условите тие самите тренираат, а нема за тоа да зависат од концесионери. За услови за тренирање на спортистите, не може да одлучуваат незаинтересирани капиталисти кои единствен интерес им е личниот профит.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Неофицијално: Починатата девојка во Штип е ќерка на жената која лани уби човек во Кавадарци

Сеуште нема официјални информации за обдукцијата на 26-годишната девојка од Кавадараци, чие тело вчера беше пронајдено во куќа во близина на Градската црква...

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица

По еден час се чека за влез во Грција од Македонија преку граничниот премин Богородица. Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќајот на патните правци...

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за...

Ги слушнавме вашите гласови како одекнуваат низ улиците, одѕвонуваат од желбата за промена и обнова. И денес стојам пред вас, длабоко благодарен од вашата...

Мајката на младата Македонка која доживеа мозочен удар со порака која го кине срцето

Двесет и четири годишната Елена Маџова од Свети Николе лекувањето го продолжи во Турција, откако хуманите граѓани на нејзиниот роден град организираа низа на...