15.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаГрадоначалникот Пецаков оствари средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски

Градоначалникот Пецаков оствари средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денеска остварив средба со младиот пливачки херој Марко Пејчиновски, кој изминатиот викенд исплива 64 километри во водите на Охридското Езеро, на релација Охрид – Струга – Свети Наум – Охрид.

<

Фасциниран сум од храброста и посветеност на овој исклучителен млад охриѓанец и не постојат доволни силни зборови со кои може да се упати најсоодветна честитка за неговите легендарни подвизи во пливањето, на кои се горди сите охриѓани.

Како и до сега Општина Охрид ќе дава поддршка на младиот Марко со надеж дека и во иднина ќе продолжи да биде спортски пример за неговите врсници и идол за идните генерации.

Со Марко разговаравме за условите за развој на индивидуалното пливање и водените спортови во Охрид при што беше потенцирано дека е потребно што поскоро да се создадат услови за тренинзи во затворен простор, што е од особена важност во зимските месеци.

Марко Пејчиноски има 16 години и е најмладиот пливач кој го препливал Охридското Езеро од Охрид до Свети Наум во двата правци. Со последниот пливачки подвиг, Марко ги заврши најавените 10 препливувања на разни релации на Охридското Езеро, во вкупна должина од 250 километри, што е своевиден рекорд, кој до сега не го постигнал ниту еден пливач.
Напиша Пецаков на Социјалните мрежи

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...