11.9 C
Ohrid
недела, октомври 13, 2024
ПочетнаМакедонијаОбвинение против сопственикот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци

Обвинение против сопственикот на „Беса транс“ за фалсификување лиценци

Четириесет и едногодишниот управител на фирмата се товари дека со фалсификувана лиценца вршел меѓународен превоз на патници. Информацијата за порталот „Призма“ ја потврдил и шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски

Обвинителниот предлог, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, е поднесен по спроведена опсежна претходна постапка и направени детални проверки. Со него се опфатени управителот како физичко лице и фирмата, а е за продолжено кривично дело – фалсификување исправа. Со лажната изјава, според обвинителството, возачите ја преминувале државната граница на различни гранични премини

Скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против сопственикот на гостиварската фирма „Беса транс“, во чиј автобус во ноември, минатата година, загинаа 45 патници. Четириесет и едногодишниот управител на фирмата се товари дека со фалсификувана лиценца вршел меѓународен превоз на патници. Информацијата за порталот „Призма“ ја потврдил и шефот на скопското обвинителство Гаврил Бубевски.

„Одговорното лице во овој случај преку возачите на автобусите употребувал фалсификувана јавна исправа, извод од лиценца за вршење јавен превоз во меѓународниот сообраќај за автобус ‘мерцедес’, која не била издадена од Министерството за транспорт и врски“,

изјавил Бубевски за „Призма“.
Обвинителниот предлог, како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, е поднесен по спроведена опсежна претходна постапка и направени детални проверки. Со него се опфатени управителот како физичко лице и фирмата, а е за продолжено кривично дело – фалсификување исправа. Со лажната изјава, според обвинителството, возачите ја преминувале државната граница на различни гранични премини.

„Обвинетиот 41-годишник, како управител на правното лице од Рашче, искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, преку возачите кои управувале автобус во сопственост на фирмата, извршил повеќе временски поврзани дејствија и употребувал како вистинска, лажна јавна исправа – Извод од лиценца за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај. Ваквата лиценца за наведениот автобус воопшто не била издадена од Министерството за транспорт и врски, а управителот изготвената лажна јавна исправа им ја давал на возачите кои го управувале автобусот и со неа тие ја преминувале државната граница. Во текот на постапката, надлежниот јавен обвинител обезбеди докази дека во периодот од 10.01.2021 до 21.11.2021 година автобусот на тој начин 20 пати ја преминал државната граница на различни гранични премини“,

се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.
Оттаму додаваат дека прибраните докази во истрагата кои, пак, се однесуваат на постапувањето на царинските службеници на граничните премини, кои биле задолжени за контрола на лиценците ОЈО Скопје ќе ги достави Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во липковско полицијата пронајде дрога и оружје.

Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи...

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров...

Децата што се обиделе да силуваат соученик во Ѓорче Петров се првачиња !!!!

Случајот со нападнатото дете во Ѓорче Петров добива посериозна димензија, откако се дознава дека во инцидентот биле вклучени деца од прво одделение. Нападот на...

По повод 11 Октомври, 1200 ученици од Прилеп го формираа македонското знаме!

На плоштадот „Матодија Андонов Ченто“ во Прилеп, околу 1200 основци и средношколци денес го формираа македонското знаме во чест на националниот празник „11 Октомври“.