9.9 C
Ohrid
вторник, септември 17, 2024
ПочетнаМакедонијаПриватна компанија исплатила К15 во износ од 500 денари

Приватна компанија исплатила К15 во износ од 500 денари

Инспектори за труд не постапувале според закон во предмет кој се однесува за непочитување на работнички права во една приватна компанија со околу 200 вработени, односно не виделе повреда на законот со тоа што им биле исплатени 500 денари за регрес за годишен одмор, наместо 40 проценти од просечната плата.

Катица Николовска од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), на седницата на Комисијата, денеска информираше дека фирмата по пријава и контрола од страна на испектори, со синдикатот во комапанијата склучила спогодба за исплаќање по 500 денари, а овластениот инспектор во вонреден надзор на компанијата не констатирал никаква повреда.

На седницата, членовите на ДКСК го запреа постапувањето по предметот и предложија да се достави иницијатива за утврдување одговорност на државниот инспектор до директорот на Испекторатот за труд и Инспекцискиот совет.

Николовска појасни дека се работи за предмет кој се однесува на, како што рече, државни службеници кои не си ја извршувале својата работа, односно, не постапувале по закон за пријава за неисплатени ноќен труд, регрес или годишен одмор во една приватна компанија. Информираше дека Комисијата побарала Државниот инспекторат за труд да ги утврди констатациите, а истото барање до инспекторатот било упатено и од Народниот правобранител и Хелсиншкиот комитет.

„Од Државниот испекторат за труд одговорија дека дел од наводите се потврдени. Се работи за контрола која ја вршел овластен инспектор за труд, утврдени се одредени состојби, дадени се одредени насоки на раководниот орган на компанијата која е наведена во пријавата, меѓутоа во одговорот наведено е дека: Во јануари 2021 година, овластен виш инспектор постапувал по поднесок од синдикална организација каде што учествуваат и вработените во компанијата за неисплатен регрес за 2020 година. Констатирано е дека не е исплатен регресот и донесена е испекциска мерка опомена и даден е налог за сите 196 вработени да се исплати регрес за годишен одмор. Од предметот во вонредниот инспекциски надзор, констатирано е дека работодавачот не постапил по опомената и не го исплатил целосно утврдениот регрес за 2020 година па затоа со спогодба за утврдување на понизок износ за регрес од март 2021 година синдикалната организација кај работодавачот, склучена е спогодба за исплаќање на регрес во висина од 500 денари. Износот за исплата на регрес утврден според закон е 40 проценти од исплатената просечна нето плата“, истакна Николовска.

Појасни дека по повторна пријава, вишиот инспектор во март извршил контролен надзор и во записникот кој го подготвил не констатирал никакви повреди во работењето на правниот субјект. Николовска информира дека според наводите на Државниот инспекторат, при разгледување на предметот, инспекторот не констатирал дека 500 денари не треба да се исплатат затоа што таа спогодба е донесена отпосле, последователно по важноста на одлуката за исплата на регресот за годишен одмор. Испекторатот констатирал дека инспекторот требало да донесе инспекциска мерка наредба и да го задолжи работодавачот да го исплати целиот износ.

„Самиот факт што инспекторот не ја утврдил вистинската состојба во однос на висината на исплатеиот регрес има простор за надлежно постапување“, нагласи Николовска од ДКСК.

Nova Tv

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во петок литија со икона од Света Гора во центарот на Скопје

Во петок, на 20 септември во Скопје, монасите од Света Гора заедно со игуменот на манастирот Хиландар, преосветениот архимандрит Методиј, ќе донесат копија од...

Претседателката: Видов дека го нема знамето и мислев да си заминам, но ќе направев скандал

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска објасни како дошло до дипломатскиот пропуст со неистакнувањето на македонското знаме на средбата со Румен Радев во...

Семејно насилство во Скопје: Постариот брат го тепал помалиот, а помалата сестра ја претепала постарата..

Во текот на вчерашниот ден биле пријавени два случаи на семејно насилство во едниот постариот брат го тепал помалиот во вториот случај помалата сестра...

Владата пресече: Протестна нота поради отсуство на македонското знаме во Бугарија

Само една седмица откако ги предаде копиите од акредитивните писма, бугарскиот амбасадор денеска повторно беше во Министерствто за надворешни работи. Овојпат за тој да...