27.9 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаВо време кога горивото поскапува, жално е лекарите да ги изложуваме на...

Во време кога горивото поскапува, жално е лекарите да ги изложуваме на трошок

Преземавме мерки навремено, ги информиравме пациентите. Немало проблеми и немало реакции од пациентите. Ги услужуваме колку што можеме, изјави д-р Лилија Чолакова – Дервишова, претседателката на Здружението на приватни лекари (ЗПЛМ) за протестот на матичните лекари што започна денеска.

Таа информира дека имале многу средби со министерот за здравство, Беким Сали, но без решенија.

Очекуваме многу и сакаме многу нешта да промениме со него. Што се однесува до колегите што не нѐ подржаа, тоа е многу мала бројка, на една рака се бројат. Не сакам да коментирам ставови на други здруженија, но нашето здружение 30 години функционира и се бориме со сите досега, рече Дервишова-Чолакова.

До вечност можам да бројам што се сме постигнале во интерес на граѓаните и здравствените кадри, појаснува лекарката.

-Во време кога горивото поскапува, жално е докторите да ги изложуваме на трошок. Ако се поскапува и галопира инфлацијата, капитациониот бод мора да расте. Ние се обраќаме и до Фондот за здравство, не само до Министерството за здравство. Во сите договори мора да се стави цена на трудот, вели Дервишова-Чолакова.

-Ние држава променивме, а не можеме да смениме Закон за здравствена заштита, еден член. Имаме докторки кои не сакаат да одат во пензија, затоа што имаат млади тимови со сестри и исто така ќе останат на улица, додаде лекарката.

-Ние не можеме да бидеме заборавени. Платите мора да пораснат. Од што ќе покачиме плати на нашите вработени?, праша Дервишова-Чолакова во гостувањето на вестите на Тв Сител.

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...

Додека Скопје тоне во проблеми, Арсовска го враќа Ќосето на кружен тек

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на...