17.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаГевгеличаните кои од дива депонија создадоа рај покрај водопадот Вера

Гевгеличаните кои од дива депонија создадоа рај покрај водопадот Вера

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Досега сме пишувале многу позитивни приказни, но денеска мора да признаеме дека нашиот тим е особено горд на приказната за гевгеличаните кои се вистински херои и промотори на локалниот туризам во село Серменин.

<

Фразата дека не сите херои носаат наметки, ја потврдуваат Ратка и нејзиниот сопруг Венци кои по потекло се од Гевгелија, но животната приказна ги поттикнала да се преселат во селото Серменин, каде одлучиле да изградат своја куќа во која ќе го поминат остатокот од животот.

Село Серменин се наоѓа во подножјето на Кожуф. Во седумдесетитте години оваа село започнало да умира, а младите да се иселуваат. Денеска на неговата територија растат многу нови живеалишта, викендици, а има и ресторани и приватни сместувања во кои може да ја дегустирате локалната храна. Селото Серменин е природна воздушна бања. Доколку прошетате по неговите улички ќе забележите дека во селото има многу дрвца ореви, за кои мештаните велаат дека е уникатен феномен. Исто така, интересен факт е дека во селото има 7 гробишта, секое маало има своја гробишта, а има две цркви од кои едната е на сред село, а другата е на околу 4 километри во живописна природа.

Низ селото поминува реката Белица, која поради својата бигорност создава сливни базени по течението. Во непосредна близина на реката, неодамна бил изграден новиот дом на Ратка и нејзиниот сопруг. За кој како што вели Ратка, одлучиле да биде овде, поради здравствените проблеми со кои се соочило нивното семејство.

 Тимот на Кајак. Мк разговараше со Ратка која ни ја раскажа приказната за водопадот Вера и уникатната урбанизација која ја создаваат со свои раце и свои финансиски средства. Она кое ни остави најголем впечаток како информација е фактот дека дрвената патека, скалилата, оградата и осветлената патека до водопадот е во должина од 80 метри, што им биле потребни цели два месеци заедно со мајсторите Тоше и Борче ја остварат замислената идеја.

Проектот го започнале со неутрална изведба на скали и мост до водопадот, а потоа следувало бојадисување и уредување на просторот со клупи и масички.

Она кое мора да го напоменеме е фактот дека пред да се урбанизира оваа место, дел од месните жители го користеле како дива депонија и поради овие причини на Ратка и Венци им биле потребни месец дена да го исчистат од отпадоци.

На прашањето поради кои причини одлучиле да го урбанизираат местото, Ратка вели дека тоа го направиле со желба да остават белег во природата. Уредено катче, со сопствен труд, без никаква финансиска помош и со љубов кон природата е пример за тоа како треба самите да се грижиме за нашите природни убавини.

Ратка вели дека по струка не се архитекти, но со љубов секоја идеја е остварлива.

Денеска, како што создале пристап до водопадот, така и самите се грижат за чистење на неговата околина. Тие се среќни што им овозможиле на локалните жители уште една атракција и место каде ќе може да појде секој и да ужива слушајќи го звукот од водопадот.

кајак.мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...