13.9 C
Ohrid
петок, јули 4, 2025
ПочетнаСвет“Нема да им дадеме ни гас, ни нафта, ни јаглен… – ништо!

“Нема да им дадеме ни гас, ни нафта, ни јаглен… – ништо!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

„Доколку се наметнат ценовни ограничувања на рускиот извоз на нафта и гас, Западот ќе биде замрзнат како волчја опашка во руска бајка“, се закани Путин на економски форум во Владивосток, пишува Ројтерс. Путин рече дека европските повици за ограничување на цената на рускиот гас се „глупави“ и само ќе доведат до повисоки глобални цени и нови економски проблеми во Европа.

<

Потсетуваме дека членките на Г7 веќе ги објавија своите планови да воведат плафон за извозот на руска нафта, потег што исто така може да ја ограничи способноста на Русија да обезбеди танкери од земји надвор од Г7.

Русија би се откажала од своите договори за снабдување – ако Западот продолжи со своите планови.

„Дали ќе има политички одлуки кои се во спротивност со договорите? Да, нема да ги исполниме. Нема да испорачаме ништо што е во спротивност со нашите интереси“, се закани Путин.

„Нема да испорачаме гас, нафта, јаглен, нафта за греење – нема да испорачаме ништо!“, изјави тој.

Русија е втор најголем извозник на нафта во светот по Саудиска Арабија. Досега Европа увезуваше околу 40 отсто од гасот и 30 отсто од нафтата од Русија.

Путин рече дека Германија и западните земји се виновни за тоа што гасоводот „Северен тек 1“ не е во функција и дека Украина и Полска одлучиле да ги прекинат дтугите два други гасни правци кон Европа.

Европа се соочува со зимска криза со гориво и нагло зголемување на сметките за енергија откако Гаспром целосно ја прекина испораката на гас преку Северен тек 1.

„Северен тек 1 сега е практично затворен“, рече Путин и ја повика Германија да дозволи пристигнување на нова турбина на компресорската станица на нафтоводот Портоваја, без која тие тврдат дека не е можно да се продолжи со пумпање гас. Русите велат дека новата турбина ја задржуваат западните санкции.

„Таму има истекување нафта, можна е експлозивна ситуација, постои опасност од пожар. Турбината не може да работи, дајте ни ја турбината и утре ќе го вклучиме Северен тек 1. Но, ништо од тоа не ни испорачуваат, вели Путин.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата го уапси 25 годишниот мотоциклист, кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје

Полицијата го уапси мотоциклистот кој завчера усмрти пешак на кејот во Скопје, на пешачка патека во близина на Паркот на франкофонијата. Откако го прегази...

Адвокат од Косово, со 4 магариња се појави пред собранието

Пред седницата на косовското собрание кое неуспеа и по 41-ви обид да се конституира, адвокатот Арианит Кочи излезе повторно на протест. Овој пат, Кочи...

Стојанче Ангелов предвидува лето со многу пожари

Сезоната на пожари во земјава почна порано и дневно се регистрираат по триесеттина пожари, а денеска активни се четири пожари на територијата на општините...

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум

Повторно искршени гробишта во Подгорци – вандализмот се врати на празникот Св. Наум. Искршени споменици, уништени крстови и нова доза на тага во селото Подгорци,...